Регион
Орбан го известил Вучиќ дека Унгарија праќа војска на граница

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го известил во четвртокот својот српски колега Александар Вучиќ дека Унгарија има намера да го усвои законот кој ќе овозможи испраќање воени единици во патролирање по должината на заедничката граница, пренесува унгарската агенција MTI.
Минатиот петок унгарската влада во парламентот го предаде нацрт законот со кој се предлагаат построи казни за илегално минување на нејзините државни граници, меѓу кои е и тригодишната затворска казна за лица кои ја минуваат границата со Србија.
Нацрт законот за кој ќе се дебатира во парламентот на Унгарија, предвидува 13 мерки кои би требало да овозможат ефикасно справување со незапаметениот бран бегалци во оваа земја. Владата предвидува построги казни за криумчарите на луѓе и одредување на подрачја за премин на границите за лицата кои бараат азил.
Во телефонскиот разговор од Брисел, унгарскиот премиер Виктор Орбан разговарал со српскиот премиер Александар Вучиќ за кризната ситуација предизвикана со масовната миграција на границите на Србија и Македонија, се цитира изјавата на Берталан Хаваси, шефот на службата за односи со медиумите во кабинетот на Орбан.
Орбан, како што истакнал Хаваси, го известил Вучиќ за подготвувањето на новиот закон за пограничните контроли, кои унгарскиот парламент наскоро ќе ги усвои, што овозможува испраќање на силни полициски и воени единици на границата со Србија од 15-ти септември.
Се очекува дека мигрантите и криумчарите на бегалците ќе побараат нови транзитни рути заобиколувајќи ја Унгарија, му кажал Орбан на Вучиќ, истакнувајќи дека „соседните земји мора да се подготват за таквата ситуација“.
Унгарија на 31-ви август треба го доврши градењето на 3,5 метри високата ограда по должината на 175 километри долгата граница со Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.