Вести
Ирачката армија откри масовни гробници на борци на IS

Ирачките војници пријавиле дека пронашле тела на 365 борци на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) во 19 заеднички гробници во ослободениот северен град Баиџи, соопштија во четвртокот тамошните власти.
Изминатите денови вооружените сили на Ирак со поддршка на шиитските милиции и воздушните удари на коалицијата предводена од САД од Исламската држава целосно го ослободија градот Баиџи, како и блискиот град Ас-Сајинија, и селата Шавиш и ал-Ханаши во покраината Салах-ал-Дин во северниот дел на земјата, каде што се наоѓа една од најголемите ирачки рафинерии.
Во своето соопштение, ирачката армија објави дека биле откриени 19 гробници во предградието Асри, во кои се наоѓале 365 тела на борци на Исламската држава.
Агенцијата AFP пренесува дека засега не е познато кога телата биле закопани, како и според кои знаци ирачката армија ги идентификувала како борци на џихадистичката организација.
Во меѓувреме ирачката армија ја продолжува големата воена операција против Исламската држава во повеќе области во земјата, вклучително и во покраините Салах-ал-Дин на северот, и во Анбар, во западниот дел.
Во Ирак и натаму ситуацијата е тешка поради силните позиции коишто сé уште ги држи радикалната Исламска држава кон која се приклучија и помалите сунитските групации водени од поранешни офицери во армијата на соборениот и егзекутиран ирачки диктатор Садам Хусеин. Покрај фронталните судири со ирачките безбедносни сили, џихадистите преземаат терористички напади во големите градови во коишто жртви се претежно цивили од мнозинската шиитска заедница и другите етноконфесионални малцинства.
Во последните три години терористите успеаја да заземат големи области во Ирак и во соседна Сирија на коишто го прогласија својот ткн „калифат“, и се обидуваат своето влијание да го прошират своето влијание во северна Африка, особено во Либија. Според различни процени Исламската држава контролира територија од 90.000 квадратни километри. Податоците за бројноста на нејзините борци, исто така, варираат од 50 па до 200 илјади./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.