Скопје
Општина Центар: Министерството за финансии не ни враќа 25 милиони денари
Министерството за финансии го одолговлекува повратот на средства во висина од 25 милиони денари за општина Центар, тврди локалната власт.
„Иако, општината формално на повеќе наврати ги бара средствата кои и следуваат законски, министерството не одговара и не постапува според одлуката на судот.
Имено, во судскиот спор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Центар од 2013 година, судот првично пресудил во корист на министерството, по што на општината и биле повлечени 25 милиони денари од сметката. По жалбата на општината и направената ревизија, Врховниот Суд го враќа предметот во Основниот Суд, кој при новото разгледување досудува во корист на општина Центар. Министерството за транспорт ја прифаќа одлуката на судот и со големо оддолжување, сепак, доставува налог до Министерството за финансии да се вратат средствата кои и биле одземени на општина Центар“, се вели во соопштението од општина Центар.
Понатаму од Центар додаваат дека оттогаш е поминат подолг период, но министерството за финансии не ја извршува трансакцијата.
„Ова не е прв пат министерствата да ја опструираат работата на општината Центар. Пред неколку месеци, општината мораше да реагира во медиумите за да и се издаде формално одобрувањето за кредит наменет за градба на новото основно училиште во Капиштец. Министерството за финансии и тогаш намерно ја одложуваше оваа одлука, која е чиста формалност, со цел да ја опстриура работата на општината. Општина Центар го повикува министерот Миновски итно да ја реализира трансакцијата и да престане со ваквите политички игри. Од ваквиот политички реваншизам, штета трпат само граѓаните. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли
Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуцијата на социјалните мрежи.

„При техничка контрола во станбена зграда, која граничи со хотел на улицата Луј Пастер, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.
Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.
Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.
Случајот е документиран и за него е поднесена пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, се додава во објавата од Електродистрибуцијата.
Македонија
„Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Стевчо Јакимовски продолжува да бетонизира се што може да се претвори во негов личен профит. Фирмата Аполо инженеринг позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила земјиште во населба Влае“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, не станува збор за обична парцела, една од тие парцели е дел од улицата Есперанто која се наоѓа веднаш пред Кино Влае. Значи дел од јавна улица наменета за сите граѓани станала приватен имот. Нешто што треба да биде општинска инфраструктура е продадено поради личен интерес.
„Аполо инженеринг“ доставила два геодетски елаборати во 2016 година и 2017 година. И двата елаборати се направени по донесувањето на Деталниот урбанистички план. Токму тој ДУП, кој го потпишал самиот Јакимовски предвидува висококатница на местото каде што подоцна фирмата добива имот.
Оттука, јасно е дека планот е направен така што да и овозможи на „Аполо инженеринг“ да добие земјиште, вклучувајќи дел од улица.
За оваа приватизација „Аполо инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен, или околу 3500 евра вкупно, сума која е смешна, затоа што е многу пониска од реалната пазарна вредност на земјиште во Влае.
Неколку месеци по приватизацијата фирмата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски, кој е сопственик на истата фирма. Алчноста на Јакимовски не престанува. Замислете, фирмата ја добила парцелата по ниска цена, па потоа си ја препродала сама на својот сопственик за 2.950.000 денари.
Ова е класичен пример за фиктивна зделка, каде јавниот интерес станува приватен.
Јакимовски ја претвори општината во приватна компанија, Карпош за него е само лична фирма од која добива профит, граѓаните се заборавени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)

