Контакт

Вести

Почина конзервативниот судија на Врховниот суд на САД, Антонин Скалиа

Објавено пред

Конзервативниот судија на американскиот Врховен суд, 79-годишниот Антонин Скалиа починал во саботата во Тексас, објави Врховниот суд.

dobivaj vesti na viber

„Беше извонредна индивидуа и правник, личност на којашто колегите ѝ се восхитуваа и ја почитуваа. Неговото заминување е голема загуба за Судот и за земјата на којашто многу верно ѝ служеше, се истакнува во соопштението на претседателот на Врховниот суд на САД, Џон Робертс.

Американскиот претседател Барак Обама, кој деновиве престојува во сојузната држава Калифорнија, изрази сочувство до семејството на судијата Скалиа, а Белата куќа неговата изјава ја најави за подоцна.

Веста на медиумите за смртта на судијата од Врховниот суд прв официјално ја потврди тексашкиот гувернер Грег Абот која за судијата Скалиа изјави дека бил Божји човек, патриот, непоколеблив бранител на Уставот и владеењето на законот“.

Сакалиа за судија во Врховниот суд во 1986 година го именуваше претседателот Роналд Реган. За него американските медиуми говорат како за „конзервативна икона“, судија чии одлуки влијаеле на формирањето на американското правосудство, но често доведуваа и до поделени мислења во јавноста, особено истакнувајќи дека се противеше на абортусот и силно ја поддржуваше смртната казна.

Врховниот суд во Вашингтон е највисокото правосудно тело во САД. Има девет судии со доживотен мандат, коишто ги именува американскиот претседател а ги потврдува Сенатот.

Во медиумските извештаи се истакнува дека со Скалиа Врховниот суд бил мнозински конзервативен. Пет судии беа именувани од републиканските претседатели, Роналд Реган, Џорџ Буш постариот и Џор Буш младиот, а четворица од двајцата демократски претседатела – Бил Клинтон и Барак Обама. Според прописите, Обама во случај на смрт на врховен судија треба во Сенатот да предложи нов кандидат, при што демократите би го добиле мнозинството во Врховниот суд.

Се проценува, исто така, дека демократскиот претседател Обама, имајќи предвид дека во Сенатот мнозинството го имаат републиканците, и имајќи ја предвид важноста на оваа позиција и чувствителноста на рамнотежата во Врховниот суд, тешко ќе најде прифатлив наследник или наследничка на Скалиа, особено поради тоа што во ноември му истекува вториот претседателски мандат.

Челникот на републиканците во Сенатот, Мич МекКонел така изјави дека по смртта на судијата Антонин Скалиа, одлуката за новиот судија мора да ја донесе новиот американски претседател.

„Американскиот народ треба да има право на глас во изборот на новиот судија на Врховниот суд, Оттаму, до изборот на новиот судија не би требало да дојде додека не добиеме нов претседател“, истакна МекКонел во писмената изјава.

Од друга страна, пак, демократскиот сенатор Хари Рид порача дека претседателот Обама треба „веднаш“ да предложи нов член на Врховниот суд.

„Имајќи ги предвид многуте важни прашања кои се пред Врховниот суд, Сенатот има одговорност да ја пополни празнината што поскоро“, порача Рид, додавајќи дека би претставувало преседан во поновата историја местото во Врховниот суд да биде празно речиси цела година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија9 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија13 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија13 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија14 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија15 часа

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ15 часа

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ16 часа

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет18 часа

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет19 часа

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа19 часа

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет20 часа

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет20 часа

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...

Македонија2 дена

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева, кој призна вина

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот Фадил Зејнелов, кој пред три месеци ја уби својата партнерка Емилија Пешева. Обвинетиот...

Македонија2 дена

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клиничкиот центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за...

Регион2 дена

(Видео) Со литија против земјотресите: Грците изнесоа мошти од светци на улиците, постојано се молат

Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе десет дена, бараат помош од Господ. Илјадници земјотреси со јачина над...

Македонија2 дена

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук-реклами за своите лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија2 дена

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија2 дена

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...