Контакт

Вести

Американците ја признаа грешката со бомбардирањето на болницата во Кундуз

Објавено пред

Американскиот генерал, командант на мисијата на НАТО во Авганистан, Џон Кемпбел потврдил дека болницата на невладината организација Лекари без граници (MSF) во Кундуз е бомбардирана по грешка, по што министерот за одбрана изрази „длабоко жалење“ за оваа трагедија.

dobivaj vesti na viber

Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF), коишто ова бомбардирање го нарекоа воено злосторство и побараа независна и транспарентна истрага, го отфрлија американското објаснување и тврдат дека бомбардирањето „за жал, не е грешка“Во воздушниот удар од ноќта кон саботата, кој траел подолго од еден час за кое време лекарите од MSF директно се јавувале во штабот на НАТО во авганистанската престолнина Кабул и на американски воени функционери во Вашингтон со молби нападите да престанат, загинаа вкупни 19 луѓе, од кои седум пациенти од кои три се деца и дванаесет се персонална MSF. Покрај тоа ранети се уште 37 луѓе, а повеќе од 30 луѓе се сметаат за исчезнати. Во болницата во моментот на нападот имало 105 пациенти и 80 лекари и друг медицински персонал, а според загинатите целосно е уништено болничкото крило за травматологија.

Од MSF, исто така, негираат дека од нивната болница талибаните пукале врз авганистанските и силите на НАТО. Авганистанското министерство за одбрана претходно изјави дека талибанските борци ја нападнале болницата и ја користеле зградата како „човешки штит“.

Американската војска призна дека изведувала воени операции „во близина“ на болницата, наводно гаѓајќи ги талибанските бунтовници кои пукале врз американски воен персонал и дека го истражува случајот. НАТО призна дека во еден американски воздушен напад „можеби е сторена колатерална штета врз блискиот медицински центар“

Првата бомба паднала во 2,10 часот во саботата утрото, на персоналот на MSF се јавил во штабот на НАТО во Кабул во 2,19 часот, а воените функционери во Вашингтон ги информирале неколку минути подоцна, но бомбардирањето продолжило до 3,13 часот, изјавија од Лекари без граници..

Во меѓувреме се спроведуваат три истраги – американска, авганистанска и на НАТО, за да се одредат околностите во коишто е донесена одлуката за бомбардирањето на болницата./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија3 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија3 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија4 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија5 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија6 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ6 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет7 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...

Европа8 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија8 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија8 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет9 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет10 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет10 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија10 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија21 час

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија21 час

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија23 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ1 ден

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...