Контакт

Вести

Историски договор во Париз за спас на планетата од климатски крах

Објавено пред

По две седмици преговори, во саботата крај Париз претставниците на 195 држави го донесоа обврзувачкиот рамковен климатски договор на Обединетите нации, со кој се утврдува по 2020 година обемот на емисиите на стакленичките гасови и мерките за спречување на климатските промени, кој се смета за договор без преседан по неколкуте години напорни преговори.

dobivaj vesti na viber

„Гледајќи ја салата гледам позитивна реакција, не слушам забелешки, договорот од Париз е усвоен“, изјави претседателот на глобалниот самит за климата COP21, францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, со што ги поттикне присутните во салата на повеќеминутна акламација со силен аплауз. Овациите во салата во Л’Бурже крај Париз дојдоа по шест години по неуспехот на самитот во Копенхаген, кога не беше постигнат договорот.Пред почетокот на пленарната седница, најголемата група земји Г77 плус Кина изјавија дека се задоволни од текстот коj во текот на ноќта кон саботата беше модифициран. Во договорот се бара нивото на загревање на планетата да се задржи „значително под 2 степена Целзиусови во однос на прединдустрискиот период“, тежнеејќи кои 1,5 Целзиусови степени.Поздравен како прв глобален климатски договор кој ги обврзува, како богатите, така и сиромашните земја на ставање под контрола на емисијата на стакленичките гасови кои се сметат за виновни за загревањето на планетата, тој ја поставува клучната долгорочна цел во овој век да се отстрани емисијата гасови кои го предизвикаат ефектот на стаклената градина коишто ги произведува човекот. Развиените земји се обврзуваат дека ќе им помогнат на земјите во развојот во борбата против загревањето со 100 милијарди американски долари годишно почнувајќи од 2020 година. Исто така, во Париз повеќето развиени земји изделија 300 милиони американски долари за создавање систем за осигурување на имотите и животите на луѓето во случај на природни катастрофи, особено во азиско-пацифичкиот регион. Мултимилионската сума се насочува кон Зелениот климатски фонд и други финансиски организации, кои поддржуваат проекти во сиромашните и ранливи земји.На долг рок треба да им се помогне и на имигрантите, коишто поради климатските промени се принудени да ги напуштат своите домови. Ова прашање предизвика жестока дискусија, поради тоа што во овој случај тешко е да се привлечат осигурителните и приватни компании, неопходните средства и државните буџети на богатите земји. Поради тоа, донесен е посебен член во договорот за „загубите и штетите“, но без финансиски параметри.Земјите не се согласија и за вкупниот обем на заедничкото климатско финансирање за 2025 година. Не се успеа да се определат пропорциите, соодносот меѓу државните и приватните фондови, уделите во адаптацијата на намалувањето на штетните емисии, што преставува слабост на овој договор. Долги беа дебатите по прашањата кои земји треба да бидат донатори, а тие резултираа со формулацијата која го поздравува но не е обврзувачка таквата помош да ја дават моќните земји како Кина, Саудиска Арабија, Сингапур и др.Договорот стапува на сила во 2020 година и треба да овозможи пренасочување на светската економија според моделот без или со малку јаглерод. Таквата револуција вклучува прогресивно напуштање на фосилните извори, јагленот, нафтата и гасот кои доминираат со светското енергетско производство.Научниците предупредуваат дека предвидената намалена национална емисија на гасовите со ефектот на стаклената градина нема да биде доволна за да се постигне загревањето на помалку од 2 Целзиусови степени, туку би довело до зголемување од 3 Целзиусови степени. Договорот покренува голем механизам на ревизија на плановите за ограничување и намалување на емисиите, а бидејќи невладините организации и научниците предупредија дека за тоа во 2025 година ќе биде предоцна, механизмот на обврзувачката ревизија ќе биде покренат во 2020 година. Климатологот Жан Жузел предупреди дека со „2 Целзиусови степени климата ќе биде сосема поинаква отколку денес, но 2 Целзиусови степени помалку, тоа е цел до кој треба да се придржува, доколку на крајот од векот сакаме да имаме свет на кој можеме да му се прилагодиме“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија2 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет3 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија4 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа6 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет6 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа6 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион6 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет7 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија7 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет18 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија21 час

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....