Црна хроника
Бркотници меѓу полицијата и комбе полно мигранти

Возач на комбе полно со мигранти, во петокот приредил бркотница со автомобили со полицијата, на потегот од Крива Паланка до Тетово, а попатно предизвикал и неколку сообраќајни незгоди. Полицијата се обидела и со пукање да го спре, но тој продолжувал да бега.
Имено, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, додека полициските службеници вршеле редовна контрола на возила и возачи, околу 10.15 часот, од Крива Паланка кон Куманово се движело комби со албанска национална ознака и во моментот кога полициските службеници се обиделе да го сопрат возилото, возачот со голема брзина свртел полукружно и почнал да бега назад кон Крива Паланка.
Полициските службеници веднаш тргнале во потрага по возилото, при што кај местото викано Света Петка, тој повторно свртел полукружно и со голема брзина продолжил да бега кон Куманово. При обид на полициските службеници да го престигнат возилото, возачот не им оставил простор обидувајки се да удри во службеното возило. Продолжувајќи со голема брзина од магистралниот пат се вклучил на автопатот бегајќи во насока кон Скопје, притоа не застанувајќи на неколкуте полициски патроли кои се обиделе да го сопрат.
Заради сопирање на возилото, на автопатот е поставена блокада, но возачот не застанал и обидувајќи се да прегази полицискиот службеник ја поминал блокадата, при што од страна на полициските службеници се испукани неколку куршуми во воздух, но возилото не застанало и движејки се со голема брзина се исклучило кон Куманово и продолжило по регионалниот пат кон Скопје.
При бегањето, возачот во неколку наврати ќе предизвикал сообраќајни незгоди, а во близина на железничката пруга кај Черкеско село удрил во автомобил и не застанувајќи продолжил кон село Никуштак каде повторно не застанал на полициската патрола обидувајќи се да прегази полициски службеник, при што од страна на патролата е пукано во воздух.
Возилото продолжило со голема брзина продолжило да бега, и преку село Арачиново се упатило кон Скопје и се исклучило на обиколницата кон Тетото, не застанувајки на патролата на автопатна полиција. Исто така не застанал ниту на наплатната рампа туку кршејќи ја со голема брзина продолжил да се движи кон Тетово.
Во близина на село Групчин возилото е блокирано од страна на повеќе службени возила, кои го сопреле и возачот Ќ.Р. (36) од село Радолишта, струшко, е лишен од слобода. Во возилото имало 12 мигранти од Сирија. СВР Скопје работи на целосно расчистување по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.