Вести
Од заедничка гробница во Тикрит ексхумирани 470 тела

Посмртните останки на 470 луѓе се ексхумирани од заедничка гробница откриена гробница откриена околу ирачкиот град Тикрит, за што е обвинета џихадистичката сунитска организација Исламската држава за масакри врз многу борци, објави во четвртокот ирачкото министерство за здравство.
„Ексхумиравме тела на 470 жртви од Спеишер“, изјавила за Адила Хамуд на прес-конференцијата во Багдад, пренесе AFP.
Речиси 1.700, главно припадници на шиитската милиција, загинале во „масакрот во Спеишер“, воена база сместена на северната граница на Тикрит од каде што биле грабнати, а потоа погубени главно шиитските борци во првите денови од офанзивата на Исламската држава во северен Ирак во јуни 2014 година.
Ирачките власти започнаа да ја пребаруваат околината во потрага по гробови по повторното освојување на градот на 32-ви март годинава. Телата се ексхумирани на четири места а на едно од нив се откриени 400 тела, изјави Заед Али Абас, директор на мртовечницата во Багдад на истата прес-конференција. Додаде дека прегледот на посмртните останки ќе се води со помош на странски експерти, меѓу кои и од Меѓународниот Црвен крст.
Масакрот во Спиешер, база северно од Тикрит, од која Исламската држава ги издвоила главно шиитските воени регрути, минатата година предизвика жестока осуда на меѓународната заедница и го поттикна јакнењето на поддршката за воени операции против џихадистите. Првата масовна гробница беше откриена на почетокот од април, во квартот во којашто се наоѓа палатата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, на брегот на реката Тигрис.
Садам Хусени потекнуваше од Тикрит, и во неговото владеење малцинските сунити доминираа со Ирак на штета на мнозинските шиити. По меѓународната интервенција предводена од САД и НАТО од 2003 година, офицерите лојални на Садам организираа бунтовнички групи кои започнаа секташка војна, а во летото 2014 година ѝ се приклучија на Исламската држава.
Исламската држава во својата ненадејна офанзива од почетокот на јуни 2014 година освои големи делови од Ирак, а истиот месец ја нападна и воената база Спеишер при што уби неколку стотици регрути, огромен дел од нив шиити. Локалните сунитски племиња се обвинети за помагање во бруталните егзекуции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.