Регион
Најмалку 11 турски полицајци загинаа во експлозија на автобус

Најмалку единаесет полицајци загинале а четири лица се ранети во експлозија на подметната мина на која налетал автобусот кој ги превезувал во источната турска провинција Игдир, пренесуваат во вторникот медиумите.
Во извештајот на телевизијата NTV се наведува дека експлозивната направа била подметната од припадници на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), но курдските милитанти засега не се огласија. Телевизијата CNN Türk, пак, вели дека полициски извори потврдиле десет жртви во експлозијата.
Приватната новинска агенција Dogan објави дека автобусот ги превезувал полицајците кон граничниот премин со Азарбејџан, кај Накичеванската автономна република, кога налетал на мината кај селото Хасканкој. Во извештајот се додава дека безбедносните сили преземале голема акција за откривање на напаѓачите.
Претходно на 27-ми август во истата област герилците на PKK, исто така, нападнаа автобус со припадници на специјалните сили на турската полиција, а во престрелката беше ранет еден полицаец.
Овој напад доаѓа само два дена по најсмртоносниот напад што го изврши PKK врз припадници на турските безбедносни сили, кога во неделата беа убиени 16 турски војници војугоисточната покраина Хакари, од почетокот на операцијата на Анкара кон крајот на јули против курдските милитанти кои ги третира како терористи./крај/мф/сн
Извор: (AP Photo)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.