Македонија
Заев: Банките агенти инволвирани во издавањето на еврообврзницата веднаш да го запрат процесот
Лидерот на опозицијата во Македонија, Зоран Заев, побара од четирите банки агенти инволвирани во издавањето на 450 милионската еврообврзница веднаш да го запрат процесот.
Барањето на Заев уследи откако Министерот за правда Валдет Џафери, како единствен застапник на Министерството, на телевизија Телма потврди дека од нив формално не било побарано мислење за правната важност на еврообврзницата. Според тоа издавањето на еврообврзницата е нелегално, сметаат од СДСМ.Со јавно обраќање кон банките агенти, Ситигруп, Дојче Банк, Ерсте Груп и Сосиете Женерал, како и кон потенцијалните инвеститори инволвирани во издавањето на еврообврзницата, СДСМ денеска предупредува дека правно мислење од Министерството за правда не е обезбедено од единствениот официјален претставник на институцијата и дека целата постапка во себе содржи дејствија на измама, погрешно претставување и злоупотреба на службената позиција. „Новата Влада ваквите обврзници, доколку истите бидат издадени, ќе ги смета за нелегални, неважечки и ништовни и ќе ги преземе сите правни дејства кон сите инволвирани страни и лица кои што се вмешани во целиот процес. Исто така, Новата Влада нема да ги подмирува обврските кои ќе произлезат од ваквите обврзници“, велат од СДСМ. “Овој процес на издавање на еврообврзница е целосен неуспех. Целиот процес е јасен приказ за тоа дека однесувањето на Владата е надвор од контрола. Процесот е напор на некомпетентни и неодговорни поединци кои сакаат да ги прескокнат законите и да ги поминат сите граници за само да останат на власт, без разлика на последиците спрема народот, државата и местото на државата меѓу семејството на европските земји. Вицепремиерот за економски прашања и Министерот за финансии треба веднаш да поднесат оставка заради нивното криминално однесување и нивната неспособност.Сите страни инволвирани во издавањето на оваа еврообврзница, треба сериозно да направат длабинска анализа на нивните процеси. Ние пробавме во повеќе наврати да ги предупредиме сите нив за потенцијалните нелегалности, а ова е најјавниот доказ кој што може да го има. Издавањето на еврообврзницата мора да прекине веднаш, во интерес на земјата, но и на потенцијалните инвеститори”, вели Заев во соопштението што СДСМ го упати до светските медиуми и банки. /крај/со/ст
Извор: СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

