Вести
За 18 месеци бројот на џихадистите во Сирија и Ирак двојно се зголемил
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/3764163.jpg)
Бројот на џихадистичките борци во Сирија и Ирак во последната година и половина се удвоил, и сега во тој региона најмалку ги има 27.000, извести во вторникот институт специјализиран за разработка и анализа на разузнавачките податоци.
„Феноменот на странски џихдисти во Сирија и во Ирак навистина е глобален“, се истакнува во соопштението на групата Soufan чие седиште е во Њујорк.
Во таквите услови, во споменатите две земји во моментов се наоѓаат меѓу 27.000 и 31.000 странски џихадисти, од потекло од 86 земји.
„Бројката повеќе од двојно се зголеми од последното истражување спроведено во 2014 година, кога беа евидентирани 12.000, и покрај меѓународните напори приливот на странските милитанти кои патуваат во Сирија да се намали“, се додава во соопштението.
„Успехот на Исламската држава ги надминува сништата на сите други терористички групи кои сега изгледаат старомодни, на пример Ал Каеда. Исламската држава поттикна десетици илјади џихадисти да ѝ се придружат“, истакнуваат од Soufan.
Од земјите на западна Европа пристигнуваат сé повеќе приврзаници на Исламската држава, и досега заминале на блискоисточните боишта вкупно 5.000 џихадисти, од кои 1.700 се Французи.
Од земјите на Блискиот исток стигнале 8.24п, од кои 2.500 се Саудијци, 8.000 од земјите на Магреб, а најмногу дошле од Тунис, дури 6.000 џихадисти.
Бројот на милитантни до Русија и од земјите на централна Азија изминатата година ипол се зголемил за 300 отсто во однос на претходниот период, на 4.700, од кои се 2.400 руски државјани кои потекнуваат до претежно муслиманските република на северен Кавказ.
Во Сирија и во Ирак се борат на страната на екстремните сунитски групи и околу 2.100 Турција,
Податоците се темелат на информации кои ги објавиле националните влади, меѓународните организации и институтите кои се занимаваат со собирање и анализирање на податоците.
Според податоците на групата Soufan, меѓу 20 и 30 отсто од странските џихадисти се враќаат во земјите на нивното потекло, а таму се случуваат се повеќе терористички напади. Се потсетува дека во последните месеци Исламската држава ги презема нападите врз рускиот патнички авион во Египет, самоубиствениот бомбашки напад во Бејрут, масакрот во Париз и за неколкуте напади врз туристи и војници во Тунис, во коишто вкупно беа убиени речиси 500 луѓе./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.