Регион
Вучиќ по повод 17 години од интервенцијата на НАТО: Србија не заборава, но простува

Српскиот премиер Александар Вучиќ во четвртокот по повод 17 години од бомбардирањето на НАТО изјави дека Србија никогаш нема да ја заборави агресијата на Североатланската алијанса во 1999-та година и жртвите која таа ги даде, но и дека земјата простува бидејќи мора да живее и да гледа кон иднината, пренесуваат српските медиуми.
„Тагата, жалоста и солзите не смеат да нѐ одведат во бес и мразење. Останува предупредувањето и за нас и за нив. За крвта мораат да кажат дека била крв, а не колатерална штета. Србија памети и никогаш не заборава, но мора да живее и да гледа кон иднината. Не можеме да го промениме тоа што се случи, ниту да го вратиме времето, но не можеме да останеме заковани во минатото“, рече Вучиќ во Варварин за време на комеморацијата.
Српскиот премиер додал дека Србија пред 17 години била на спротивната страна во однос на 19 големи земји кои ја нападнале, но дека денес сите се на истата бидејќи Србија дава сѐ од себе поради помирувањето и поради тоа што „ова е во интерес на српскиот народ и неговата иднина“.
Според Вучиќ, Србија денес има пријатели на истокот, а со партнерите на западот стои рамо до рамо. Тој додал дека земјите кои пред 17 години ја нападнале Србија, денес се на удар на тероризмот и дека никој не може нив подобро да ги разбере од Србија.
Градоначалникот на општината Варварин, Зоран Миленковиќ, чија ќерка Сања загинала за време на бомбардирањето на мостот во ова место, оценил дека агресијата на НАТО била „незапаметено злосторство на една голема сила која сакала да покаже како сурово се казнува непослушноста на српскиот народ“.
Венци на Голема Морава, покрај српскиот премиер, положиле и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, членовите на семејствата на настраданите, како и претставниците на општината Варварин. Авионите на НАТО на 30-ти мај 1999-та година испалија четири проектила во мостот на Голема Морава во Варварин, а во тогашниот напад загинаа десет лица, додека десетици други беа повредени./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг, пишуваат бугарските медиуми.
„Ја побарав претседателката на Република Северна Македонија бидејќи ставот на Бугарија е дека РСМ треба да биде дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги“, рече Жељазков.
Тој потсети дека Бугарија строго се придржува до декларацијата од мај 2022 година. „Во оваа смисла, заштитата на правата на Бугарите во РСМ е од клучно значење за нас“, нагласи Жељазков.
Тој рече дека имал многу добар разговор со претседателката Силјановска.
„Разговаравме за човекови права, европски вредности. Разговаравме за фактот дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам една аналогија. Целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство“, рече Жељазков.
Регион
Жена почина откако ја каснала змија: прво фатално каснување по три децении во Словенија

80-годишна жена од регионот Горењска почина откако ја каснала змија поскок, што е прво фатално каснување од оваа отровна змија во Словенија во последните три децении, соопшти денес Клиничкиот центар во Љубљана.
Змијата ја каснала жената за раката, по што изгубила свест дваесет минути подоцна и починала на пат кон болницата и покрај обидите за реанимација.
Раководителот на токсиколошкиот центар на болницата, Миран Брвар, истакна дека каснувањата од змија во Словенија ретко се фатални. Минатата година, 24 лица биле лекувани, а седум пациенти добиле противотров во Љубљана, додека неколку од нив биле лекувани во Марибор, пренесува СТА.
Тој додаде дека смртоносните исходи обично ги погодуваат ранливите групи, како што се доенчиња или постари лица со постоечки здравствени проблеми, и дека Словенија има доволно залихи на противотрови за приближно 20 каснувања, кои се чуваат во Универзитетската болница Љубљана и Универзитетската болница Марибор.
Регион
(Видео) Пожарникарите се борат со пожарите во Грција трет ден по ред

Стотици пожарникари се борат со пожарите на грчкиот остров Хиос трет ден по ред. Пожарите опустошија големи површини шума и обработливо земјиште и принудија стотици жители да се евакуираат, откако на островот беше прогласена вонредна состојба.
Како што пишува „Ројтерс“, повеќе од 400 пожарникари, со помош на 14 хеликоптери и четири авиони, се распоредени на неколку локации на островот во североисточниот дел на Егејското Море.
State of emergency as wildfires ravage Chios #Greece forcing evacuations and power outages amid strong winds#Wildfire #Greek #Balkans #Europe #Chios #Crete #Island #Forestfire #Fire #Grassfire #summer #heatwave #Climate #Weather #Viral pic.twitter.com/mx0HtJhXuR
— Earth42morrow (@Earth42morrow) June 24, 2025
Хиос моментално е во средината на туристичката сезона, а властите се обидуваат да спречат пожари да ги зафатат областите познати по производството на мастика, природна смола добиена од мастикови дрвја.
Пожарникарите, жителите и волонтерите се бореа да го спречат ширењето на пожарот кон селото Агиос Ѓорѓиос Сикусис.
„Пожарот се приближи до куќите“, изјави за „Ројтерс“ локалниот жител Стаматис Зеонидис, но додаде дека волонтерите успеале да го држат пожарот настрана.
„Ситуацијата е многу тешка, има многу отворени фронтови и многу села“, рече волонтерот Андонис Микудис. „Ги напуштивме нашите работни места за да дојдеме тука. Веруваме дека ќе успееме да направиме нешто.“
„Сцените беа застрашувачки“, рече друг волонтер, Јоанис Псилос. „Но, фала му на Бога, сè ќе биде во ред и пожарот нема да се прошири подалеку јужно од Хиос.“
Грчките власти денес издадоа ново предупредување, советувајќи ги жителите на селата југозападно од Хиос, главниот град на островот, да ги напуштат своите домови.
The wildfires on the Greek island of Chios. So far 62,000 acres have already burned on the island #Greece #Wildfire #Keep1point5 @GeraldKutney @rhosking252 @MikeHudema @KeithMcNeill6 pic.twitter.com/Yd58lm3322
— Adebola TheClimateEduFeminist (@D_edufeminist) June 24, 2025
„Сè уште е потребна многу работа за да се стават пожарите под контрола“, изјави функционер на грчката противпожарна служба.
Тој додаде дека северните ветрови го отежнуваат гаснењето уште повеќе.
Грција, која се наоѓа на крајниот југ од Европа, често е погодена од пожари во текот на топлите и суви лета, но властите ги обвинуваат брзите климатски промени за сè поразорните пожари во последните години.