Црна хроника
Откриени 43 илегални мигранти
Министерството за внатрешни работи во два одвоени случаи реализираше акција за спречување на криумчарење и транспорт на над 40 илегални мигранти.
Во првиот случај поднесена е кривична пријава против троцја штипјани кои се осомничени дека имале намера да префрлат поголема група мигранти од Удово до Куманово.
Тие групата мигрнати ја сместиле во еден камион, а пред негона одреденор астојание се движеле две возила во улога на чистачи.
Групата со возилата, од Удово се упатила по магистралниот пат кон Демир Капија и Неготино, по што кај клучката кај Демир Капија од страна на полициски службеници биле запрени ТМВ Застава во кое се наоѓале лицата Д.А. и Ш.М. и ПМВ “тојота“ во кое се наоѓал Р.М., додека возилото “опел омега“ се дало во бегство. При акцијата, од страна на полициските службеници во ТМВ Застава биле пронајдени вкупно 40 илегални мигранти (23 авганистански, 11 сириски и шестмина палестински државјани).
Во вториот случај од страна на полициски службеници на автопатот во правец Гевгелија – Скопје во непосредна близина на Неготино е запрено ПМВ марка VW-Поло управувано од З.Р. (35) и во кое како совозач е затекната Б.Д. (33), инаку и двајцата од Струга.
Во возилото биле пронајдени три лица илегални мигранти од Сирија, коишто илегално влегле во Македонија од Грција, во близина на ПС за ГП и ГН “Богородица“ и имале намера илегално преку Македонија, потоа и Србија да стигнат до земјите од ЕУ.
Според нивното кажување откако влегле на територијата на Македонија се движеле по самиот пат кон Скопје, при што пешачеле неколку часа кога до нив застанало возило во кое биле горепријавените, кои ги прашале дали патуваат кон Скопје.
Кога мигрантите им кажале дека сакаат да стигнат до Скопје, пријавените, за сума од по 100 евра од човек ги качиле во возилото со намера да ги пренесат до Скопје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото
Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар.
Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило.
Според пријавата, подоцна повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале и му го оштетиле возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал партнерката во возило во центарот на градот
Полицијата во Скопје го приведе 36-годишниот Д.Л. од овој град, по пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:30 часот, мажот бил приведен по пријава дека на 4 јануари 2025 година, додека се движеле со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна.
Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово.
Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

