Регион
Најмалку 15 исчезнати по експлозија во фабрика во Бугарија

Бугарските власти стравуваат дека најмалку 15 лица загинале во експлозија, која се случила во среда доцна вечерта во фабрика на 120 километри од Софија.
Најмалку 12 работници и тројца раководители биле на местото на трагедијата во фабриката за муниција во близина на селото Горни Лом, соопштија министерот за внатрешни работи Јордан Бакалов и генералниот секретар на бугарското МБР, Светозар Лазарав, јави агенцијата Бгнес.
По силната експлозија следеле серија помали експлозии кои траеле со часови.
Официјална потврда за бројот на настрадани се очекува по завршување на истрагата, а спасувачките екипи ќе влезат во фабриката дури 24 часа откако е регистрирана последната експлозија.
Во експлозијата биле повредени и три жени, меѓу кои е и сопругата на кметот на Горни лок. Тие биле на околу 400 метри од местото на несреќата.
Во фабриката, која е во приватна сопственост, се утилизирале грчки нагазни мини.
Сопственикот на фабриката Валери Митков, рече дека во моментот на експлозијата внатре, покрај работниците, биле и неговиот син, кој е извршен директор, началникот на смена и технологот на фабриката.
Тој нема објаснување што можело да ја предизвика несреќата, но тврди дека од утилизацијата не е можно да биде предизвикана толку силна експлозија.
Претставници на надлежните институции кои се на местото на трагедијата тврдат дека неколку часови по инцидентот нема знаци на живот.
„Се пријавија тројца доброволци кои се подготвени да влезат во фабриката веднаш штом се појават првите знаци на живот“, изјави шефот на цивилната одбрана, Николај Николов.
Тој информираше дека по извршените консултации кризниот штаб проценил дека нема непосредна опасност за локалното насление и не е наложена евакуација. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.