Контакт

Вести

Мексико: Градоначалник и шеф на банда уапсени за ланското исчезнување на 43 студенти

Објавено пред

Повеќе од една година по исчезнувањето на 43 студенти во јужно Мексико, градоначалникот на градот во кој се најдени полујагленосани тела уапсен е заедно до водачот на бандата осомничена за нивното убиство, пишуваат во петокот локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Адан Касарубиас, водач на бандата Гуерерос Унидос (Обединети воини), е уапсен во операција која ја извеле полицијата и војската во градот Куернавака. Со негов во друштво бил и градоначалникот на Кокула, Ерик Улисес Рамирез, кој исто така е уапсен, како и еден пратеник во мексиканскиот конгрес од левичарската Партија на демократската револуција, на којашто ѝ припаѓа и градоначалникот Рамирез.Во градот Угуала, близу Кокула, 43 студенти на учителската школа исчезнаа на 26-ти септември 2014 година. Досега со анализа на ДНК се идентификувани останки на само еден студент. Не се знае што навистина се случило со студентите кои дошле да протестираат во градот Игуала. Според верзијата на настаните којашто ја изнесе мексиканската влада, студентите биле уапсени од полицијата во Игуала, а биле убиени до членовите на Гуерерос Унидо, кои ги изгореле нивните тела и ги фрлиле на ѓубриште. Семејствата на исчезнатите и експерти не се согласуваат со оваа верзија, и бараат нова истрага.На 29-ти септември исчезнаа 43 студенти од Атцојинапе кои претходните денови, на 26-ти септември, дошле да протестираат во Игуала и да собираат финансиска помош, а по завршување на протестот тргнале кон своите домови со автобуси на јавниот транспорт. Според искази на очевидци, врз автобусите пукале полицајци и вооружени мажи припадници на нарко картелот Гуерерос Унидос, и потоа студентите ги одвеле во непознат правец.Мексиканска полиција од сојузната држава Гереро ги објави нивните фотографии и понуди награда од милион пезоси за информации кои би довеле до сознанија за исчезнатите студенти. Опишувајќи ја сојузната истрага како едена од најкомплицираните, обвинителот  опиша што се случувало со студентите од учителската школа во Ајотсинапи. Жртви се мажи повеќето во 20-те години од животот кои оделе на колеџот и со автобуси и комбија оделе на протестите во Игуала на протестот против финансиските тешкотии во кои било нивното училиште.Учителската школа е стара 80 години и е позната како левичарски бастион, а нејзините студенти се познати по активизмот.Обивинителството минатиот ноември објави дека тројца мажи, уапсени во врска со нивното исчезнување, признале дека погубиле голем број лица за кои се верува дека се исчезнатите студенти. Според нивните искази, полицајците ги предале жртвите на тројца мажи кои припаѓаат на нарко картелот Гуерерос Унидос.Мексиканската полиција ги уапси поранешниот градоначалник на Игуала кој беше во бегство, Хозе Луис Абарка, и неговата сопруга, осомничени дека го поттикнале нападите во коишто шест лица се убиени а исчезнаа 43 студенти, во аферата која со месеци наназад го потресува Мексико и ги доведува во тешка ситуација тамошните власти.Истрагата покажала дека градоначалникот, кога дознал дека студентскиот протест ќе попречи еден негов официјален јавен настан, му наредил на началникот на полицијата во Игуала, Фелипе Флорес Веласкез, да ги сопре демонстрантите. Шефот на полицијата кој во меѓувреме беше суспендиран и сменет, сѐ уште се наоѓа во бегство.Властите досега уапсиле повеќе од 80 лица во врска со исчезнатите студенти. Обвинителството на прес-конференција ги прикажа снимките од признанието на тројцата криминалци, фотографии на местата за одложување отпад на кој телата се запалени и графички и видео прикази на отстранувањето на останките.Грабнувањето на студентите предизвика протести во целата земја и сериозно ја поткопа вербата во ветувањето на претседателот Енрико Пења Нето дека Мексико во текот на неговиот мандат ќе стане побезбедна земја./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ7 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија9 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија10 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија10 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ11 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа11 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет12 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа12 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет13 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет13 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет13 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија24 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија1 ден

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија1 ден

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ1 ден

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија1 ден

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...