Контакт

Вести

IS се сврти кон продажба на автомобили и риба и заработува милиони

Објавено пред

Екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) заработува милиони американски долари месечно водејќи салони за продажба на автомобили и фарми за одгледување риба во Ирак, со што ги надоместува загубите од продажбата на украдената ирачка и сириска нафта, откако таквата инфраструктура стана цел на насочените руски и американски воздушни удари, соопштија во четвртокот правосудните ирачки власти.

dobivaj vesti na viber

До неодамна експертите проценуваа дека Исламската држава од нафтата и гасот од Сирија и од Ирак годишно добивал во изминатите години по 2,9 милијарди американски долари годишно.

Поради тоа, прво руското воздухопловство во Сирија, а подоцна и воздушните сили на меѓународната коалиција предводена од САД се насочи на уништување на инфраструктурата која придонесува за финансирање на Исламската држава, ограничувајќи ја можноста за црпење, за експлоатација на рафинериите и транспортот на нафтата и гасот до црниот пазар, главно преку Турција, свртувајќи се по тоа, откако и поради офанзивите на ирачките и сириските владини сили ја загуби и контролата на многу нафтоносни полиња, кон нетрадиционалните начини на плаќање на своите борци и финансирање на своите терористички активности.

„Сегашните финансиски механизми на терористите се променија од оние од пред две години кога беше прогласен калифатот“, изјави функционер во ирачкото министерство за правда, пренесува Reuters.

Експлоатирањето на рибниот фонд во стотиците езера и рибници северно од ирачката престолнина Багдад месечно носат милиони долари, покажуваат презентираните документи од централниот истражен суд на Ирак. Џихадистите, исто така, замаат данок на земјоделското земјиште, а се свртеле и кон претприемништво со автомобили, и повторно ги ставиле во погон фабриките во државна сопственост на териториите кои ги држат под контрола во Ирак.

„Даеш (арапската кратенка за Исламската држава во Ирак и на Левантот/Медитеранот – ISIS/ISIL) северната багдадска покраина ја третира како свој финансиски центар. Тоа е нивниот главен извор за финансирање, особено а активностите (терористички) во главниот град“, изјавил судијата Џабар Абид ал-Хушеми, потсетувајќи дека сунитските џихадисти во Багдад редовно извршуваат бомбашки напади врз шиитското мнозинство и безбедносните сили.

Од извештајот, исто така, се дознава и на кој начин ткн министерство за финансии на Исламската држава во Мосул, Бајт ал-Мал, ги дистрибуирало парите во другите покраини надвор од своја контрола.

„Исламската држава испраќала пари на териториите надвор од нејзина контрола преку ткн хавала бирото за трансфер на пари, прво во Ербил, а потоа од Ербил во другите покраини“, појаснува Хушеми.

Освен плати, борците на Исламската држава добиваат и додаток за станарина, надомест за до четврто дете и повремени бонуси, како 1.000 долари награда за борците по заземање на вториот по големина град во Ирак – Мосул во ненадејната офанзива во летото 2014 година.

Организацијата Исламска држава од пред летот 2014 година главно се финансира од криумчарењето на нафтата која ја продава на црниот пазар, продажба на украдени уметнички дела и артефакти, даноци кои му ги наметнува на локалното население, со изнуди од странски влади и од семејства на киднапирани лица.

Американскиот генерал Стивен Ворен на почетокот од јануари на прес-конференцијата во ирачката престолнина Багдад изјави дека воздушните напади ги намалиле приходите на Исламската држава за околу 30 отсто, додека нејзиното производство на нафта паднала од околу 45.000 на околу 34.000 барели дневно. Експертите проценуваа дека до ланскиот октомври џихадистичката група од продажбата на нафтата заработувала по околу 47 милиони долари месечно./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Европа4 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа4 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Македонија7 часа

На Табановце и Богородица се чека еден час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Европа10 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија12 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа14 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија15 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа15 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа16 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија16 часа

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија17 часа

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа18 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет18 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет18 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа18 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија1 ден

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје1 ден

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...

Македонија2 дена

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет2 дена

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...