Вести
Стотици протестираат пред ирачкиот парламент, кризата се продлабочува
Стотици демонстранти каmпираат пред ирачкиот парламент во добро утврдената ткн Зелена зона на престолнината Багдад во неделата, ден откако упаднаа во зградата на парламентот и ја демолираа пленарната сала барајќи реформи, а премерот Хајдар ал-Абади побара сите да бидат повикани на одговорност и да бидат казнети.
Демонстрантите кои му се лојални на влијателниот шиитски клерик Моктад ал-Садр ја напуштија зградата на парламентот во саботата ноќта, но останаа пред објектот, пренесува Sky News Arabia.
Премиерот Хајдар ал-Абади го посети парламентот по заминувањето на демонстрантите и ја проверуваше штетата кои демонстрантите ја предизвикале во салата за одржување на пленарните седмици и некои кабинети и притоа побара од министерството за внатрешни работи на Ирак да ги идентификува и казни сторителите.
„Врховниот командант, премиерот Хајдар ал-Абади му даде инструкции на министерот за внатрешни работи да ги години оние кои ги напаѓаат припадниците на безбедносните сили, граѓаните и членовите на парламентот, коко и извршителите на вандализмот врз државниот имот. Тие мора да бидат изведени пред суд и да ја понесат справедливата казна“, се наведува во соопштението на ирачкиот премиер објавено на Facebook.
Приврзаниците на ал-Садр упаднаа во саботата во утврдената Зелена зона на Багдад, каде што се сместени државните институции и странските амбасади, и тргнаа на зградата на парламентот откако пратениците не ги изгласаа реформите на владата.
Протестите на илјадниците луѓе се одвиваше во почетокот пред Зелената зона и излезе од контрола откако парламентот не ја потврди новата технократска влада којашто ка предложи премиерот ал-Абади. Тоа воедно означи и драматична ескалација на политичката криза во Ирак, чијашто влада се соочува со тероризмот и бунтот на екстремните сунитски групации како Исламската држава.
Демонстрантите претходно ги повикаа министрите да поднесат оставки и да се откажат од устројувањето на државните органи врз основа на конфесионалните квоти. Според извештаите на ирачките медиуми, некои пратеници се здобиле со помали повреди во налетот на демонстрантите. Ирачкиот претседател Фуад Масум ги повика премиерот Хајдар ал-Абади и претседателот на парламентот Салим ал-Џабури на кризна средба во неделата, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.
Засилени за безбедносните мерки во Зелената сона, и распоредени се голем број припадници на полицијата и војската. Засега нема извештаи за евентуални инциденти меѓу демонстрантите кои кампираат пред парламентот и безбедносните сили.
Со месеци наназад Ирак се соочува со бројни протести против корупцијата и неефикасноста на јавните служби. Како одговор, премиерот кој доаѓа од шиитското мнозинство во земјата предложи пакет реформи, но политичките блокови во парламентот ги отфрлија неговите предлози. Ал-Абади предупреди дека моменталната криза може да ја попречи борбата против Исламската држава, која контролира некои клучни области во внатрешноста на земјата каде што мнозинско е сунитското население./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.