Црна хроника
За една година зголемена затворската казна за сообраќајката кај „Зебра“
Апелациониот суд ја зголеми за една година затворската казна за сообраќајната несреќа што се случи кај Трговскиот центар „Зебра“ што се случи во јули годинава, во којашто загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска.
Обвинетиот Бојан Блажевски беше осуден на пет години затворска казна. „За сообраќајната несреќа во која живтот го загуби едно лице, обвинетиот со пресуда на овој суд од 03.09.2015 година е осуден на 5 години затвор, а со второстепената пресуда, Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот ја одбил како несонована, а жалбата на Основно јавно обвинителство – Скопје ја уважил со што казната се зголемува на 6 години затвор, додека во останатиот дел, пресудата се потврдува“, одлучил Апелациониот суд.Блажевски на 7-ми јули се брзина од 83 километри на час под дејство на алкохол и марихуана ја прегази новинарката Тодоровска-Павловска која се движела по тротоарот кај ТЦ Зебра. Тој пред судот изјави дека се кае за тоа што го сторил и дека фактот што одзел човечки живот го довело до психичко растројство и дека продолжил со метадонската терапија./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

