Контакт

Вести

Клинтон на популарноста на Сандерс се спротистави со искуство

Објавено пред

Водечката кандидатка во битката за номинација на Демократската партија за кандидат за американските претседателските избори во ноември во годинава, поранешната прва дама и државен секретар Хилари Родам Клинтон, во неделната телевизиска дебата го истакнуваше своето политичко искуство во соочувањето против сенатот Бен Сандерс која ја обвинува за врски и зависност од Волстрит, како и за искривување на неговите ставови за здравствената грижа и законот за оружје.

dobivaj vesti na viber

Дебатата во Чарлстон беше четвртото и последно соочување на демократските кандидати на истата сцена пред внатрепартиските избори коишто ќе се одржат на 1-ви февруари во сојузната држава Ајова, кои се сметаат за клучни, а ќе продолжат на 9-ти февруари во Њи Хемпшир.

Соочувањето се одржа во моментите кога рејтингот на сенаторот Бен Сандерс е во подем и опасно ѝ приближува на Хилари Клинтон во анкетите, што ја изненади и предизвика поранешната државна секретарка да тргне во офанзива. Нејзината стратегија е да се претстави себеси како кандидатка најспособна да управува со поларизираната земја, коментира AFP.

„Потребен ни е претседател способен да ги извршува сите аспекти на оваа работа. Разбирам до која мерка тоа е најтешката работа на светот и подготвена сум да го преземам“, рече Клинтон. Таа во дебатата ги доведе во прашањето обвинувајќи го за социјалистички ставовите на Сандерс за реформите на Волстрит, здравствена грижа и законот за контрола на оружјето, при што сенаторот одговорил на секој напад, забележува Reuters.

Сандер ја прикажа Клинтон како бранителка на статус-кво ситуацијата којашто прифатила стотици илјади долари од финансиското лоби на Волстрит за предавањата кои ги држи низ САД,

„Никогаш не сум бил платен да одржам говор за Goldman Sachs. Јас не земам пари од големите банки. Не земам хонорар од банката Goldman Sachs“, изјави Сандерс во што поддршка доби и од Мартин О’Мали, гувернерот на државата Мериленд, третиот кандидат кој значително заостанува зад овие двајца.

Сандерс притоа поентираше додавајќи дека има „големи дилеми кога луѓето примаат пари од Волстрит“. Го осуди американскиот економски систем кој го „лажираат и манипулираат“ Волстрит и лобијата и истакна дека „Вистинскиот проблем е што Конгресот им припаѓа на силите кои ги држат парите“.

Клинтон, пак, потсети дека Сандерс не се заземал силно за заострување на законот за оружје. „Тој во повеќе наврати гласаше за NRA (Националната пушкарска агенција – здружение на поддржувачите на законот за оружје, моќно лоби во САД – з.р) и лобијата кои го заговараат оружјето“, потсети Клинтон надоврзувајќи се на кампањата на демократскиот претседател Барак Обама настојува да им се спротистави на моќните лобија во Конгресот за да се донесе нов поостар закон за личното вооружување.

Клинтон и Сандерс се судрија и околу прашањето за програмата за здравствената грижа. Сандерс ги објави деталите од својот план за здравствена заштитеа по називот „Medicare-for-all“ и како Американците би требало да го плаќаат.

Клинтон уште минатата седмица го нападна Сандерс поради неговиот план за здравствена заштита предложена по примерот на европските. Во дебатата во Чарлстон Клинтон рече дека со планот се сака да се поткопа законот за здравственото осигурување кој го потпиша претседателот Обама, и кој рака на срце не постигна особени ефекти и популарност. Меѓутоа, Сандерс одговори дека сака да го надгради законот на Обама, правејќи го здравственото осигурување уште попристапно.

Според објавените поединости од планот на Сандерс, лицата би плаќале 2,2 отсто премии, а работодавачите ќе дополнуваат 6,2 отсто за здравствената заштита. Лицата коишто годишно заработуваат од 250.000 до 500.000 долари годишно би плаќале даночна стапка од 37 отсто, а оние кои заработуваат над 10 милиони годишни – 52 отсто.

Клинтон во дебатата забележа дека за тоа ќе бидат потребни нови даноци, во прв ред за најбогатите. „Јас сум единствената кандидатка која вети дека нема да ги зголемува даноците за средната класа“, повтори.

Кандидатите на демократите сега имаат две седмици кампања пред првиот тест на 1-ви февруари во Ајова. Во 2008 година, Хилари Клинтон во гласањето во оваа сојузна држава заврши на третото место, зад Барак Обама и сенаторот Џон Едвардс./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет3 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ6 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ6 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Топ6 часа

Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената...

Регион7 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија7 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија8 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион9 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија10 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија10 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ11 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет11 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија12 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет13 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава13 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија13 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија24 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија24 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...