Контакт

Црна хроника

Го држел сопственото дете како заложник и два часа не дозволувал полицијата да изврши претрес

Објавено пред

Жител на скопското село Раштак два часа не и дозволувал на полицијата да изврши претрес во неговиот дом и со пушка во рацете се заканувал дека ќе пука кон полицајците и во сопственото дете ако влезат во неговиот дом, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил на 2 овој месец, кога полицијата дошла пред домот на четириесет и тригодишниот скопјанец за да направи претрес бидејќи имале сознанија дека чува голема количина на оружје и муниција.

 

Но кога полицајците заедно со специјалната единица „Алфи“ затропале на влезната врата на осомничениот, тој се појавил на еден од прозорците со неговата сопруга и малолетното дете во раце, вперил пушка во полицијата и им се заканил дека ако се обидат да влезат ќе пука и во нив и во сопственото дете, по што со мебел  ги забарикадирал двете влезни врати од куќата.

 

По два часа преговарање, осомничениот се согласил да го пушти внатре во куќата еден од полициските службеници на Единицата за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи. По влегувањето на полицискиот службеник во куќата, во првиот момент кога осомничениот се оддалечил од сопругата и детето,  бил совладан и доведен во послушност.

 

При претресот во неговиот дом пронајдени се пушка „М-48“ кал. 7,9 мм, пушка “Чешка Збројовка“ кал. 22 мм со оптика „ГАМО“  4х20 TV WA; ловечка пушка „ЦЗ“ кал. 12 мм, автоматска пушка непозната марка и калибар, револвер непозната марка и калибар,  пиштол „ЦЗ М-70“ кал. 9 мм и рамка со пет куршуми за истиот,  воздушна пушка „МЕТЕОР“ В3 кал. 4,5 мм , воздушна пушка „ГАМО“ кал. 6,35 мм, 131 парче различен калибар на муниција, 31 парче боева муниција, делови за различни типови на оружје и машинка за полнење патрони.

 

Осомничениот е приведен и одреден му е притвор во траење од 30 дена. Ќе одговара за “спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје или со распрскувачки материјали“.

 

Тој во деведесетите е двапати кривично пријавен за извршени две тешки кражби, поседува дозвола за пиштол и пушка, а во разговорот одбил да даде појаснување од каде и како се набавени пронајденото оружје и муниција во неговиот дом./крај/мвр/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор

Објавено пред

Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“

Објавено пред

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.

Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.

dobivaj vesti na viber

На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија3 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет4 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија5 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија5 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија6 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија9 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија10 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија10 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија11 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија11 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион12 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет13 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет13 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион13 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...