Македонија
Незири им ги додели признанијата на најуспешните рудари во Македонија
Министерот за економија Беким Незири во понеделникот присуствуваше на централната свеченост по повод 28. Август – Денот на рударите на Македонија, чиј домаќин беше компанијата „Ренова“ во тетовското село Џепчиште.
Според министерот Незири, Македонија има непроценливо богатство од минерални суровини, а голема важност имаат и рударите што работат во рудниците како бесценет човечки ресурс поради што должност на државата е да им обезбеди што подобри услови за работа.
„Овој важен стопански сектор, како и придружните што го опслужуваат овој комплекс во нашата земја, бројат над 12.000 вработени, што го прави овој сегмент од индустријата сѐ поперспективен за работа. Во земјава има повеќе од 150 рудници кои активно работат, од кои дел се за експлоатација на металите олово, цинк, бакар, сребро и злато. Сѐ поголем интерс има за експлоатација на украсните камења како мермерот, гранитот, травертинот и ониксот, а вредни за споменување се минералните термоминералните и термалните води кои се се поатрактивни за инвестирање, изјави Незири.
Министерот Незири посочи дека годинешниот домаќин на манифестацијата, фабриката „Ренова“ во Џепчиште, со своето работење и резултатите кои ги постигнува претставува уште еден доказ за успешноста на концесионерите на минерални суровини. Имено, „Ренова“, покрај трите рудници за експлоатација на минерални суровини во Република Македонија, го прошири своето производство и во соседните земји, а производите од оваа фабрика се прочуени по својот квалитет дури и во земјите од блискиот Исток.
Претседателот на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов, нагласувајќи ја комплексноста на рударската професија, потенцираше дека рударите навистина заслужуваат што подобри услови и плати, со цел поуспешно да ја извршуваат нивната работа.
„Она што е карактеристика на рударство е што има значаен удел во вкупниот извоз, бидејќи 100 отсто од производство на рудниците за метали е наменето за извоз, што многу помага во девизниот биланс на Македонија. Во државата има над 12.500 вработени во овој сектор со над 170 рударски претпријатија и околу 200 капацитети за преработка на минерални суровини. Очекуваме во следиот период со носење на двата закони за геологија и рударство да се разделат овие две блиски, а различни гранки, со што уште повеќе ќе се подобрат работите. За развојот на рударството потребен е голем капитал, но и поддршка од сите структури во државата“, рече Николов.
Во рамки на одбележувањето на Денот на рударите од страна на Министерството за економија им беа доделени традиционалните признанија за најуспешните рудари и претпријатија, како уште една потврда на нивната професионалност, одговорност и постигнати резултати. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

