Контакт

Вести

Обама и Путин во Анталија разговараа за Сирија

Објавено пред

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама на маргините од самитот на групата Г20 во турска Анталија, имале 35-минутен разговор на кој било дискутирано за сириската криза, при што се согласиле за политичката транзиција која треба да ја спроведе сирискиот народ, во борбата против тероризмот, но и дека остануваат разликите меѓу двете земји, пренесуваат агенциите повикувајќи се на претставниците на Белата куќа и Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Двајцата челници ја искористиле паузата меѓу состанокот на шефовите на државите од БРИКС и почетокот од работната сесија на самитот. Путин и Обама во еден од кулоарите на самитот разговарале во присуство само на нивни соработници.Службата за односи со јавноста на Белата куќа претходно кусо објави дека американскиот претседател на рускиот колега му искажал „длабоко сочувство“ во врска со неодамнешното уривање на рускиот патнички авион во Египет со 224 патници и членови на екипажот. Разговорот според малубројните телевизиски кадри, се одвивал во присуство на советничката на американскиот претседател за национална безбедност Сузан Рајс, која во текот на разговорот активно прави забелешки во нотесот. Претходно таа ги информираше новинарите дека формален состанок меѓу американскиот и рускиот претседател не е распоредот на самитот Г20 во Турција, не е закажан, но појасни дека Обама и Путин ќе имаат многу можности за директна комуникација. Дека не е предвидена официјална средна на двајцата најмоќни луѓе на планетата, потврди и советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, но и тој претходно не исклучи дека се можни неформални разговори меѓу Путин и Обама. Според Ушаков, двајцата претседатели разговарале за ситуациите во Сирија и во Украина. „Имаше можноста да разговараат доста опширно, и разговорите се водеа по две теми., прво за Сирија а потоа за Украина“, рече Ушаков, прецизирајќи дека на ситуацијата во Сирија ѝ бил отстапено повеќе внимание. Според него, Владимир Путин и Барак Обама, истовремено размениле мислења за „многу критичната ситуација“ во врска со терористичките напади во Париз и другите форми на тероризам.Одговарајќи на прашањето за тоа дали дошло до приближување на позициите во врска со Сирија за време на разговорот, Ушаков истакнал дека стратешките цели во борбата против тероризмот и кај Русија и кај САД се многу блиски, но останува разликата во тактиките. „Односно, стратешките цели кои се однесуваат на борбата против Исламската држава, во принцип се многу блиски, а според примената двете земји уште се разидуваат“, истакнал Ушаков, пренесува агенцијата ТАСС.Службата за односи со јавноста на Белата куќа, исто така, објави дека се одржале „конструктивни разговори“ кои траеле 35 минути. „Претседателите Обама и Путин се согласија околу потребата за политички реформи во Сирија, кои треба да се спроведат како резултат на сегашните преговори меѓу актуелните власти и опозицијата со посредство на ОН, како и за прекин на огнот“, се издвојува во соопштението.Обама, исто така, се задржал и на значењето на рускиот воен ангажман во Сирија. „Претседателот Обама ги поздрави напорите на сите земји во борбата против терористичката група Исламска држава и ја истакна важност ана воените напори стоа на Русија во Сирија“, се додава во соопштението на Белата куќа, пренесува Reuters.Според Белата куќа Обама и Путин констатирале дека разговорите во Виена ќе доведат до позитивни резултати. „Челниците истакнаа дека во Виена во текот на последните седмици е постигнат напредок во сферата на дипломатијата. Претседателите Обама и Путин  особено се согласија за неопходноста од политичката трансформација во Сирија, при што главната улога ќе ја има сирискиот народ“, се додава.„Претседателот Обама ја потврди својата поддршка за целосна имплементација за договорите од Минск“ за постигнување мир во Украина, се додава во соопштението на Белата куќа

За содржината на разговорот меѓу двајцата лидери претходно портпаролот на Белата куќа Џош Ернес, говорејќи за можноста од одржување разговор меѓу Путин и Обама, најави дека една од темите кои би биле дискутирани секако ќе биде конфликтот во Сирија.Претходно во неделата Обама и Путин имаа по неколку куси, најверојатно протоколарни, разговори, за време на церемонијата на заедничкото фотографирање на учесниците на самитот во Анталија. Претходно во Виена се одржа уште една средба за ситуацијата во Сирија. По нејзиното завршување специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, во интервјуто за агенцијата РИА изјави дека следната средба може да се одржи во Париз, дозволувајќи дека преговорите може да минат на ниво на челниците на земјите од ткн „виенски формат“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија9 часа

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија9 часа

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ11 часа

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет12 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет12 часа

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет1 ден

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија1 ден

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија1 ден

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија1 ден

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија1 ден

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија2 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...

Македонија2 дена

Британски медиуми објавија дека се преговара со Македонија за отворање центар за мигранти, СДСМ ја повика Владата да ја објави содржината на разговорите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика Владата веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори...

Македонија2 дена

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија2 дена

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија2 дена

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија2 дена

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија2 дена

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија2 дена

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...