Општество
МАНУ и Битолскиот универзитет потпишаа Меморандум за соработка
Претседателот на Македонската академија на наујите и уметностите (МАНУ) и ректорот на битолскиот универзитет универзитетот „Свети Климент Охридски“ потпишаа во четвртокот Меморандум со којшто и формално ја потврдија долгогодишната соработка, при што посочија дека потпишувањето на Меморандумот е всушност симболичен чин, зошто универзитетот кој оваа година слави 35 години од своето постоење соработуваат од нивното основање.
Потпишувањето на Меморандумот беше на иницијатива на Академик Владо Камбовски кој инаку е по потекло од Битола. Битола е центар со традиција и добро е што Универзитетот за прв пат потпишува ваков Меморандум со МАНУ, со што се отвораат нови можности за учество на нашиот Универзитет со сите свои кадри во научно-истражувачки проекти“, изјави проф.д-р Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола
Целта на Меморандумот е двете институции да ги здружат своите научни потенцијали – човечките ресурси и истражувачката работа.
„Овај меморандум е за да ја унапреди заемната соработка помеѓу институциите во областа на историјата, литературата, јазикот и мултикултурата и да ги координира активностите на Академијата со научните институции во тие области. Меморандумот за соработка, меѓу другото, предвидува и организирање на научни дискусии за отворени методолошки и други проблеми од областа на општествените и хуманистичките науки, организирање, подготвување и изведување на научно-истражувачки проекти, заедничко аплицирање во научно-истражувачките проектни програми поддржани од Европската комисија и други меѓународни извори за финансирање на научно-истражувачката дејност“, рече академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ
Со овој меморандум се избрал модел на координација и соработка на програмите за подготовка на единствениот европски простор на знаење, додаде академик Камбовски.
„Овај модел, којшто ние го одбравме, од една страна овозможува секој да ја задржи својата автономност и форма, а од друга страна. ги координира активностите за да го извлече она што е наш потенцијал“, појасни Камбовски.
Официјализирањето на соработката меѓу МАНУ и Битолскиот универзитет беше поздравена од присутните професори и академици, кои оценија дека на овој начин науката ќе биде повеќе интегрирана./крај/мф/вш
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

