Црна хроника
Албански државјанин ограбил фризерница, украл накит „Сваровски“ и автоделови во Струга

Албански државјанин ограбил фризерница, од куќа украл накит „Сваровски“ и крадел автоделови, соопштуваат од охридската полиција од каде на крадецот му поднесоа кривична пријава за трите кражби.
Момчето ја ограбило фризерницата на 20 февруари кога со камен го скршил стаклото од влезната врата на фризерницата лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга. Тој, откако извршил пребарување, украл повеќе апарати за потстрижување и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.На почетокот на февруари годинава, крадецот со камен скршил прозор од приземјето на куќа лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Откако влегол во внатрешноста извршил пребарување во собите и украл поголема количина накит „Сваровски“ во вредност од 30.000 денари. Потоа преку прозор од спална соба на западната страна од куќата успеал да се спушти на кровот од гаражата и незабележан избегал. Кон крајот на јануари оваа година, тој насилно го отворил прозорецот, влегол во продавница за автоделови на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга. Украл пари, филтри за масло, грејачи и други предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 7.500 денари. Дваесетгодишниот албански државјанин е од албанскиот град Прењас./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.