Вести
Меркел отворена за разговор со Асад за Сирија, Пентагон со Русија за IS
Секое решение на судирот во Сирија мора да го вклучува претседателот Башар ал-Асад, изјави во четвртокот германската канцеларка Ангела Меркел приближувајќи се со тоа на ставовите на Москва по сириското прашање, а истовремено Пентагон објави дека САД се подготвени да соработуваат со Русија во решавањето на ситуацијата во речиси петгодишниот сириски конфликт.
„Мораме да разговараме со многу играчи, вклучително и со Асад“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел и изрази согласување со ставовите на рускиот претседател Владимир Путин дека „исклучувањето на претседателот“ на Сирија од процесот на решавање на судирот во таа земја е „нереално“.
Официјална Москва реагираше многу брзо и ја поздрави изјавата на Меркел кажана по самитот на Европската унија посветен на мигрантската криза кој се одржа ноќта кон четвртокот во Брисел. САД, Велика Британија и Франција, меѓутоа не изразуваат подготвеност за вклучување на Башар ал-Асад во преговорите за иднината на Сирија.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер смета дека итно е неопходна заедничка иницијатива за Сирија да остане обединета и секуларна држава, истакнувајќи дека не може да има воено решение на судирот во оваа земја кој започна во март 2011 година и досега однесе околу 250.000 животи, и го предизвика незапаметениот миграциски бран кон соседните држави и оттаму кон Европската унија.
Истовремено во Вашингтон во четвртокот челникот на Пентагон, Ештон Картер, изјави дека САД се подготвени да соработуваат со Русија во борбата против џихадистичката организација Исламска држава и по прашањето на „политичката трансформација“ на Сирија.
„Можно е, но не е видливо, да има случајно совпаѓање во Сирија. Се чини дека таму САД и Русија ги делата заедничките интереси – конечниот пораз на Исламската држава и политичката трансформација на земјата по режимот на Асад, која ќе ја зачува и обнови земјата. Сепак, САД се убедени дека до тие два интереса треба да се придржува паралелно, и ние сме подготвени да работиме со Русија на таа основа“, изјави Картер на заедничката прес-конференцијата со министерот за одбрана на Украина, Степан Полторак.
Претходно во четвртокот и од Белата куќа и од Кремљ доаѓаа потврди дека претседателите Барак Обама и Владимир Путин ќе се сретнат и ќе разговараат во рамките на Генералното собрани на ОН./крај/мф/сн
Извор: DPA/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.