Црна хроника
Драма на покривот на Детска клиника, ја задавил девојката, па се обидел да се самоубие

Дваесет идвегодишно момче од скопски Петровец е приведено во петок вечер откако претходно ја задавило својата девојка, најверојатно на покривот на Детската клиника во Скопје.
Момчето се заканувало дека ќе се самоубие, но по преговорите со полицијата се предало.
Од полицијата велат дека имало обид за реанимација на девојката, но бил безуспешен, а на нејиното тело биле забележливи траги на насилство. Девојката, родена 1982 година исто така од село Петровец, била вработена како медицинска сестра во клиниката.
Според првичните непотврдени информации момчето заедно со неговата девојка првин започнале расправија на кровот на клиниката, по што осомничениот ја задавил.
Полицијата повеќе детали за овој грозоморен чин најави за сабота. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.