Вести
Ирачките навлегоа во градот Фалуџа, под контрола на џихадистите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/irak20faludja.jpg)
Елитните единици на ирачката армија во понеделникот утрото навлегоа во градот Фалуџа кој е под контрола на екстремната сунитска организација Исламска држава, кој е долго време упориште на џихадистите на само 50 километри од главниот град Багдад.
„Рано утрото денеска ирачките сили влегоа во Фалуџа со воздушна поддршка меѓународната коалиција и ирачкото воздухопловство, како и со тенковска и артилериска поддршка“, изјавил за AFP генералот Абделвахаб ал-Сади, кој командува со операцијата.
„Силите на антитерористичката служба (CTS – з.р.), милицијата на западната покраина Анбар и припадниците на полициските и воените сили започнале да навлегуваат во Фалуџа од три правци околу 3 часот“, прецизирал генералот ал-Сади.
„Рано утрово ја нападнавме Фалуџа. Постои отпор од страна на Даеш (арапската кратенка за Исламската држава)“, потврдил портпаролот на CTS, Сабах ач-Номан..
Во текот на операцијата припадниците на доброволечките шиитски милиција откриле на периферијата од градот разгранета мрежа од подземни тунели ископани од џихадистите. Се претпоставува дека најверојатно ги користеле за да ги одржуваат и да се префрлуваат на позициите.
Ирачката армија ја започна операцијата за ослободување на Фалуџа пред една седмица, кога беа ослободени повеќе села и предградија. Во тие операции беше убиен водачот на тамошната ќелија на Исламската држава, познат како Хаџи Хамза.
Пред офанзивата ирачките сили го повикаа населението да го напушти градот. На оние кои не можеле или биле спречени да се евакуираат им беше препорачано да се држат подалеку од позициите на џихадистите и на своите домови да истакнат бели знамиња.
Фалуџа од 2014 година се наоѓа во рацете на Исламската држава. До пред војната беше еден од најголемите ирачки градови, со околу 350 илјади жители.
Елитните единици CTS ги водеа нападите врз неколку ирачки градови кои беа заземани од Исламската држава по ненадејната офанзива на џихадистите во летото 2014 година, а Фалуџа беше првиот град кој го заземаа уште во јануари 2014-та. Овој град послужи како база од која екстремната групација се прошируваше на големите области во Ирак, освојувајќи го и вториот град во земјата Мосул, кој сé уште го контролира./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.