Црна хроника
Уапсен локален функционер во Куманово- барал мито
Раководител на Сектор за правни, имотно правни и општи работи во општина Куманово упасен е од страна на полицијата по претходна пријава од страна на граѓанин реализираше случај за коруптивно кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
При постапка за легализација на дограба на куќа и извршен инспекциски надзор од страна на Секторот за урбанизам и градежништво при Општина Куманово на граѓанинот му било соопштено дека треба да потпише Решение за уривање на доградба за кое граѓанинот не се согласил и не го потпишал.
Под закана дека доградбата од куќата ќе биде срушена од страна на Секторот за урбанизам и градежништво при Општина Куманово, пријавениот од граѓанинот побарал 1.000 евра за да истиот посредува и издејствува да се поништи наводно изготвеното решение за уривање на безправно изградена доградба и да се донесе ново решение за легализација на доградбата.
Од страна на граѓанинот на 17-ти овој месец на В.Б. првично му биле дадени 600 евра, но пријавениот од тогаш до 25-ти, во повеќе наврати телефонски се јавувал и ги барал преостанатите 400 евра за да ја „среди работата“ односно да посредува при легализација на доградбата.
На 25.09 од страна на граѓанинот кривично – правниот настан е пријавен во МВР за што е сочинет Записник за примање на кривична пријава, веднаш потоа известен е надлежен ЈО и превземани се мерки и активности за обезбедување на докази и документирање на кривичното дело.
Вчера, помеѓу пријавителот и В.Б. телефонски била договорена средба во угостителски објект во Куманово каде требало да ги прими преостанатите парични средства. На остварената средба В.Б. ги примил паричните средства во износ од 24.000 денари.
По претходно превземени оперативно тактички мерки и Наредба за вршење на претрес на лице, во 13.45 часот истиот е лишен од слобода. По извршениот претрес над лицето и ПМВ пронајдени и одземени се 24.000 денари, претходно криминалистичко технички обработени парични средствата при што В.Б. е приведен и задржан во ПС за ОН Гази Баба за понатамошна постапка. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

