Регион
Брамерц: Хашкиот трибунал ќе заврши со работа до 2017 година

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изјавил дека очекува Хашкиот трибунал да заврши со својата работа до 2017 година, пишува Blic.
Според него, сите предмети, освен предметот на Воислав Шешељ, се одвиваат добро и дека сега се очекува пресудата за Радован Караџиќ. Запрашан околу тоа дали обвинителството ќе се жали за привременото ослободување на Шешељ, тој навел дека тие имаат таква опција, но тоа што ги кочи е причината што немаат пристап до медицинската документација.
Брамерц додал дека за време на 10-годишниот процес во случајот со Шешељ, целта на Трибуналот никогаш не била „кое и да е судење да трае толку долго“, но работите постојано биле отежнувани од страна на Шешељ и тој предизикал многу доцнења./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.