Македонија
Меркел: Македонија ќе почне преговори со ЕУ наредната година

Германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во Бундестагот денеска најавила дека следната година се очекува почеток на пристапнитe преговори на Македонија и Исланд со ЕУ
„На дневниот ред на ЕУ следната година ќе биде прашањето за проширувањето со Исланд и со Македонија“, најавила Меркел, која, како што јави радио Дојче веле – програма на македонски јазик, денеска ги информирала пратениците во Бундестагот за содржината на разговорите на лидерскиот самит на ЕУ на 10 и 11 декември во Брисел, како и за климатската конференција во Копенхаген.Меркел ги повикала парламентарците поинтензивно да дискутираат за теми кои се од голема важност за ЕУ, а меѓу нив, го споменала и проширувањето.„За важните законски иницијативи од Брисел мора да се дебатира поинтензивно во овој Парламент, отколку што тоа беше случај пред стапувањето во сила на Лисабонскиот договор. Ова се разбира се однесува и на темите за кои се преговараше на 10 и 11 декември во Европскиот совет, токму за прашањето за проширување на ЕУ. Како сојузна влада, законски утврдивме зголемена обврска за информирање и можности за соделување на Бундестагот. Европскиот совет најави дека наредната година на дневен ред ќе биде ставено прашањето за пристапните преговори со Исланд и со Македонија. Прашањето кои земји треба да припаѓаат кон ЕУ ги погодува сите граѓани и тоа мора да се отслика во нашите дебати. Мислам дека тоа ќе се случи“, рекла Меркел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.