Вести
Палестинската влада поднесе оставка

Како што во вторникот вечерта беше најавено, палестинскиот премиер Рами Хамдалах ја предаде оставката на својата влада на национално единство, во контекстот на сé подлабоките поделби меѓу двете енклави Западниот брег (на реката Јордан) и Појасот Газа, и предизвикот од наводните тајни преговори меѓу исламистичкото движење Хамас и Израел.
„Хамдалах му ја предаде оставката на (претседателот на палестинската самоуправа Махмуд) Абас, којшто му наложи да состави нова влада“, изјави за AFP Нимр Гамад, политички советник на палестинскиот претседател. Хамдалах мора веднаш да ги започне консултациите со сите палестински движења, вклучително и со Хамас, додал.
Владата на палестинското единство, составена од непартиски технократи, беше формирана во 2014 година во намерата да се стави крај на конфронтациите и судирите кои предизвикаа поделби кои во 2007 година прераснаа речиси во граѓанска војна меѓу лаичкиот и умерен Фатах и исламистичкиот Хамас, кој управува со Појасот Газа. Меѓутоа, оваа влада се покажа како неспособна, поради продолжување на ривалството, а нејзиниот пад само ќе ги продлабочи неизвесностите, сметаат аналитичарите.
Прогласување на палестинската држава во скоро време, така, е сé помалку веројатно, а декларираната желба за помирување останува само желба. Појасот Газа останува буре со барут, како што оценува шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнамер, и под водството на Хамас сé повеќе политички се оддалечува од Западниот брег од кој е и физички одвоена со израелска територија.
Од Хамас претходно порачаа дека нема да прифатат еднострано распуштање на владата на којашто ѝ се придружи. Меѓутоа, висок функционер на движењето, Заид ал-Заза, ја остави сепак можноста за договор. Тој го повика претседателот Абас технократската влада да ја замени сои повеќе политичка влада, „со сите национални и исламски движења, за да се спротистави на израелската окупација“.
Палестинските поделби, потиснати во текот на војната со Израел во Појасот Газа летото 2014 година, повторно се разгореа набрзо по завршувањето на судирите, а Абас особено го загрижуваат наводните тајни контакти на Хамас со Израел, за да се постигне траен мир во Појасот Газа.
Контактот се случил благодарејќи на арапско и европско посредување, за да се консолидира неформалниот прекин на огнот со кој е прекината војната од 2014-та, изјавија во вторникот високи извори од Хамас. Договорот меѓу Израел и Хамас, без учество на Палестинското ослободително движење (PLO – Фатах), би значело и крај на идејата за една држава, коментираше функционер на PLO./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.