Регион
ЕУ: Србија мора да ја доближи позицијата за санкциите со Брисел

Европската унија не врши никаков притисок врз Србија за наметнување санкции против Русија, меѓутоа забележува дека во рамките на преговорите за пристапување кон ЕУ неопходно е да ја приближи својата позиција во врска со тие санкции, изјавил во четвртокот за РИА Новости, европски извор кој барал да остане анонимен.
Европската унија не врши никаков притисок врз Србија за наметнување санкции против Русија, меѓутоа забележува дека во рамките на преговорите за пристапување кон ЕУ неопходно е да ја приближи својата позиција во врска со тие санкции, изјавил во четвртокот за РИА Новости, европски извор кој барал да остане анонимен.
„Европската унија не врши притисок врз Србија, меѓутоа нашата позиција е јасна“, изјавил соговорникот на агенцијата.
Потсетил на изјавата на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, кој тврди дека „посветеноста на иднината на Србија во ЕУ не треба да биде засенета со балансирањето меѓу Русија и Унијата“.
„Постојат законски барања во рамките на преговорите за постепено доближување на позициите на ЕУ, вклучително и за такви тешки прашања какви што се санкциите, а тоа е многу важно. Очекуваме дека Србија ќе ја исполни оваа обврска“, истакна еврокомесарот.
Од друга страна, уште еден претставник на ЕУ во разговор за РИА Новости истакнал дека на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ поглавјето за заедничка надворешна и безбедносна политика се’ уште не е отворено.
„Но Европската комисија редовно подготвува извештаи за имплементација на обврските на земјите кандидати за пристапување во ЕУ, во нив се говори за заедничките гледишта на за ситуацијата“, додал.
Претходно во четвртокот српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дека неговата земја е посветена на присоединувањето кон ЕУ, но нема да воведува санкции против Русија, коишто ги воведоа Европската унија и САД, обвинувајќи ја Москва дека има улога во кризата во Украина./крај/мф/.сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.