Вести
Стотици загинати во монсунските дождови во Азија

Стотици луѓе ги загубија животите а милиони се евакуирани како последица на монсунските дождови коишто ја зафатија Азија, од што повеќе од сто во Индија, пренесуваат во понеделникот агенциите.
Индиските власта објавија дека последните седмици повеќе од 120 луѓе загинале во обилните дождови кои однеле уште 116 животи во соседен Пакистан, а во Мјанмар во понеделникот спасувачките служби се обидуваат да стигнат до областите кои неколку дена се отсечени од остатокот на светот.
Обилните врнежи предизвикани од циклонот Комен кој го погоди источниот брег на Индија, поплавија делови од индиските сојузни држава Западен Бенгал, Одиша и Манипур. Во извештајот се додава дека поради овие најтешки поплави во последните четири години своите домови морале да ги напуштат околу 200 илјади луѓе.
Во Индија сезоната на монсунските дождови трае од јуни до септември и се важни за тамошното земјоделие, но честопати имаат штетни последици врз милиони луѓе поради уништување на жетвата, домовите, загадувањето на водите поради што се шират болести. Во Индија и во Пакистан поплавите и лизгањето на земјиштето секоја година ја следат сезоната на монсуните.
Обединетите нации изразија особена загриженоста од ситуацијата во Мјанмар, каде досега загинале 45 луѓе, а повеќе од 200 илјади се загрозени. Дождовите ја погодиле и областа Ракин, во којашто живеат околу 140 илјади раселени лица, главно муслимани од етничката заедница Рохинги, кои живеат во бегалски кампови. Но од таа област речиси и нема информации.
Поради монсунските дождови нагло пораснал и водостојот на реките, а во одроните биле уништени илјадници куќи, обработливо земјиште, мостови и патишта. Големината на катастрофата во оваа голема и сиромашна земја , каде што инфраструктурата е во многу лоша состојба, нема да биде позната уште неколку дена, предупредуваат ОН.
Во мај 2007 година циклонот Нагрис ја опустоши мјанмарската делта на реката Иравади кога загинаа 140.000 луѓе.
Со лизгање на земјиштето се соочуваат и спасувачките екипи во Виетнам, каде загинале 23 лица, меѓу кои две семејства настрадале од токсичната кал околу поплавените рудници за јаглен./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.