Контакт

Вести

Јеменскиот премиер неповреден во бомбардирањето на хотел во Аден, 18 мртви

Објавено пред

Јеменскиот премиер излегол неповредени по ракетниот напад во вторникот утрото врз хотел во Аден, изјави член на неговата влада, по нападот во кој загинаа најмалку 18 луѓе, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Премиерот Халед Баа е во добра здравствена состојба и не е погоден“, изјавил министерот за млади и спорт, Наџеф ал-Бакри кој заедно со премиерот и другите членови на владата престојувал во хотелот, откако се вратија по шестмесечниот егзил во Саудиска Арабија.

Според очевидци, премиерот и членовите на владата неповредени биле евакуирани од хотелот со хеликоптери Баа. Засега не е утврдени бројот на ранети, но се наведува дека пред објектот има многу возила на брзата помош.

Хотелот „Ал-Каср“ делумно е зафатен од оган откако бил погоден со најмалку три ракети, најверојатно истрелани од рачен фрлач. Хотелот се наоѓа во западно предградие на Аден, кој е прогласен за привремена престолнина на Јемен, откако кон половината на јули беше заземен од милициите на побунетото шиитско племе Хути, кои претходно го заземаа и главниот град Саана.

Засега не се прецизира бројот на настраданите, и се наведува дека 18-те загинати се војници на Обединетите Арапски Емирати, кои го обезбедувале хотелот, кои се дел од арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија која сака да го врати на власт прогонетиот јеменски претседател Анд Раби Мансур Хади. Според други извештаи, пак, меѓу загинатите се само двајца војници на ОАЕ, додека другите жртви се Јеменци.

Според последните информации од Јемен во врска со судирите, се наведува дека жестоки судири се водат меѓу јеменските сили и милициите во провинцијата ал-Мансура во Аденскиот залив.

Во Јемен секојдневни се нападите на саудиските воздухопловни сили кои започнаа на 26-ти мар во обидот да се порази милицијата Ансарулах на Хутите. Според последните процени на ОН во овие судири и саудиските воздушни напади убиени се најмалку 6.400 луѓе, а околу 14.000 се ранети. Во изминатите шест месеци, исто така, жртви биле повеќе од 505 деца./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата – е пораката од тркалезна маса...

Европа22 минути

Поранешна портпаролка на Зеленски: Јермак е многу опасен, се плашам

Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го опиша поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, како „многу...

Македонија27 минути

Засилени контроли на градилишта во општина Аеродром: изречена казна од 𝟣 𝟥𝟢𝟢 евра за непочитување на Законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ30 минути

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајци да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет42 минути

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за неговата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет3 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет4 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет4 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет5 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет5 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет5 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет12 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија14 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија18 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија22 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија24 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...