Црна хроника
Нападнат вработен во компанијата Индо минерали и метали
Шајан Батачариа, вработен во компанијата Индо минерали и метали, во четвртокот бил физички нападнат од непознат сторител во својот дом во Пробиштип.
Батачариа, кој е државјанин на Индија, со привремено престојување во Пробиштип, бил нападнат околу 22 часот од засега непознат сторител. Сторителот се заканувал по неговиот живот, како и по животите на неговото семејство.
Нападнатиот, случајот го пријавил во полицијата во Пробиштип, од каде што потврдија дека Батарчија бил физички нападнат во неговиот дом.
Од СВР Штип потврдуваат дека се преземени сите потребни мерки и дека случајот е пријавен до Јавното обвинителство.
Од компанијата се сомневаат дека на овој начин се врши притисок врз актуелното раководство од страна на други лица кои сакаат да го преземат раководењето.
Компанијата Индо Минерали и метали е дел од Бинани групацијата, кои започнаа со работа во Македонија во 2006 година. Компанијата ИММ стопанисува со рудниците Тораница, Злетово и Добрево. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.