Вести
Лавров: Иницијативата на Путин за борба против IS има контури, разговорите продолжуваат

По инцијативата на рускиот претседател Владимир Путин за борба против џихадистичката организација Исламска држава, веќе има планови а разговорите продолжуваат, рече во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите во Москва со својот саудиски колега Адел ал-Џубеир.
„Имаме заеднички став за неопходноста да се консолидираат напорите во борбата со заедничката закана којашто ја претставува Исламската држава и другите терористички организации. Ова е реална закана и за Русија и за Саудиска Арабија, за другите земји во регионот и пошироко од неговите граници“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кого го цитира агенцијата ТАСС.
„За време на средбата во Санкт Петербург во јуни годинава со принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, и министер за одбрана Мухамед бен Салман Ал Сауд, претседателот Владимир Путин предложи да се размисли за заеднички напори за формирање меѓународна правна рамка за формирање коалиција за борба против тероризмот во регионот“, потсети Лавров.
Додаде дека со својот саудиски колега разговарал и се согласиле за практични чекори во таа насока и притоа искажа увереноста дека Москва и Ријад ќе продолжат да разговараат за иницијативата и оти постојат „некои контури за тоа, како конкретно да се движи кон таа цел, а разговорите ќе продолжат“.
„Разговараме за прашањата за борбата против тероризмот и екстремизмот, кои преставуваа закана за светската заедница, вклучително и за Русија и Саудиска Арабија. Дискутиравме за можноста за соработката во сферата на безбедносните сили за да се спротиставиме на оваа оваа закана“, изјави министерот на Саудиска Арабија.
Русија и Саудиска Арабија, која е стратешки регионален сојузник на САД во регионот, инаку имаат дијаметрално спротиставени ставови во однос на сириската криза. Москва го поддржува алавитскиот (шиитски) претседател на Сирија Башар ал-Асад, кој од почетокот на граѓанската војна во неговата земја во март 2011 година го обвинува Ријад дека ги поддржува и опремува сунитските бунтовници, вклучително и екстремистите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.