Контакт

Вести

Обама: САД ќе го надвладеат новиот терор од закани

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама, во неделата вечерта во едно од неговите ретки обраќања од Овалната соба, вети дека САД ќе го надвладеат новиот терор од закани кој настојува кој настојува „да ги отруе умовите“ во Америка и ширум светот.

dobivaj vesti na viber

Обама досега само двапати ѝ се обрати на нацијата од Овалната соба. Последното обраќање беше во 2010 година, кога го најави крајот на борбената мисија во Ирак.

„Знам дека по толку војни многу Американци прашуваат дали сме соочени со рак а кој нема лек. Заканата од тероризмот е реална, но ќе ја надминеме“, порача американскиот претседател Барак Обама.

Неговиот говор доаѓа по вооружениот напад во центарот за лица со ментални проблеми во Сан Бернардино, сојузната држава Калифорнија, во кој беа убиени 14 а ранети 21 човек. Според досегашните резултати од истрагата, нападот го извршила млада брачна двојка која се радикализирала, мажот престојувал во Саудиска Арабија а жената непосредно пред нападот на Facebook изразила верноста на терористичката организација Исламска држава.

Претседателот Обама рече дека, иако нема докази делка сторителите биле водени од терористичка мрежа од странство, или дека се дел од поширок заговор, „тие двајца оделе по мрачниот пат на радикализирањето“. „Тоа е акт на тероризмот пресметан да убива невини луѓе“, рече во 13-минутното обраќање.

„Терористичката закана е реална, но ние ќе се справиме со неа. Ќе ја уништиме Исламската држава и секоја друга организација, којашто ќе се обиде да ни наштети“, вети челникот на Белата куќа.

Обама не најави позначителни промени во стратегијата и не поднесе никакво нов рецепт за политиката на победата над Исламската држава. Истакна дека има доверба во сегашниот пристап, и нагласи дека нема лесно решение за запирање на оваа сунитска екстремистичка група.

Истакна дека американската војска „ќе продолжи да ги гони“ терористите и натаму ќе продолжи со воздушните удари „врз лидерите, тешкото вооружување, нафтените цистерни и инфраструктура“ во Ирак и Сирија заедно со сојузниците Франција, Германија и Велика Британија. Покрај тоа САД ќе продолжат со обуката и вооружувањето на „десетици илјади“ Ирачани и Сиријци кои се борат со Исламската држава.

Според американскиот претседател, по париските терористички напади интензивирана е соработката на Вашингтон со европските сојузници, а земјите со мнозинско муслиманско население, исто како и со локалните муслимански заедници во САД и во Европа, Вашингтон „значително ги зголеми“ размените на разузнавачки податоци, а со Турција заеднички работи за затворање турско-сириската граница.

Другиот важен дел од „стратегијата на САД за уништување на Исламската држава“, додаде Обама, е изнаоѓањето политичко решени за кризата во Сирија.

„Под американско водство меѓународната заедница го започна процесот, а исто така ги означи и временските рамки, во насока на прекин на непријателствата и изнаоѓање политичко решение за војната во Сирија. Тоа ќе им овозможи на сирискиот народ и на секоја земја, и не само на нашите сојузници, туку и на земји како Русија, да се концентрираат на заедничките цели – уништувањето на Исламската држава, којашто нé загрозува сите нас“, порача Обама.

Американскиот претседател притоа истакна дека САД не треба да започнат „долготрајна и скапа копнена кампања“ во Ирак или во Сирија. „Групите како Исламската држава, токму тоа го посакуваат. Тие знаат дека не може да не поразат на бојното поле, но исто така знаат дека доколку војуваме на туѓа територија, тие ќе можат да предизвикуваат немири со години, да убиваат илјадници наши војници“, рече Обама.

Челникот на САД се осврна и на „култот на смртта“ и „идеологијата на омраза“. Според него, Исламската држава сака нејзиното дејствување да биде сфатено како „војна меѓу Америка и исламот“, и се обидува да ги насрчи Американците еден против друг.

„Исламската држава не зборува од името на исламот. Тоа се милитанти и убијци, приврзаници на култот на смртта“, рече американскиот претседател. Обама ги повика светските и американските исламски челници и верски заедници решително да се борат со таа „идеологија на омраза“, која ја промовираат групи како Ал Каеда и Исламската држава, и, исто така, со интерпретациите на исламот кои не се во согласност со „вредностите на верската толеранција, заемното почитување и човечкото достоинство“.

Претседателот повија на ревизијата на програмата за изземање од визи за лица кои бараат да дојдат во САД и рече дека ќе бара од приватните компании и челниците задолжени за спроведување на законите да работат заедно за да се спречат потенцијалните напаѓачи да се кријат со помош на технологијата.

Обама, исто така, го повтори повикот за заострување на законот за набавка и носење оружје, велејќи дека без оглед на тоа колку ефикасно ќе биде спроведувањето на законот, невозможно е да се препознае секој потенцијален убиец. Смета дека прашањето на националната безбедност е да се спречат потенцијалните убијци да земаат оружје. „Она што можеме да го сториме, и мораме да го сториме, е да им ја отежнеме можноста за убивање, порача американскиот претседател./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија3 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија3 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија3 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија6 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет7 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет8 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија8 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет16 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа16 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија20 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа20 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет21 час

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет21 час

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија21 час

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија23 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...