Вести
Клинтон ја одби последната тв дебата со Сандерс
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/sanders20vs20clinton.jpg)
Кандидатката за номинацијата на Демократската партија за ноемвриските претседателски избори во САД, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, одби да учествува во последната телевизиска дебата со ривалот сенаторот на сојузната држава Вермонт, Берни Сандерс, ја предложи телевизијата Fox News.
„Ја одбивме поканата на Fox News да учествуваме во дебатата во Калифорнија. Мислиме дека за Хилари Клинтон е подобро искористување на времето во кампањата и директните средби со гласачите во Калифорнија за подготовка на кампањата а генералните избор“ на 8-ми ноември, изјави во соопштение Џенифер Палмиери, директорка за комуникации на штабот на Хилари Клинтон,.
Берни Сандерс изјави дека е „разочаран, но не и изненаден“ од одлуката на Хилари Клинтон да го одбие телевизискиот дуел.
„Поради демократијата и почитувањето на избирачите во Калифорнија, живото соочување би било добро за да можат гласачите да се одлучат кои идеи ќе ги поддржат“, додаде сенаторот во соопштение.
Иако Клинтон е уверливо водство пред Сандерс во трката за демократската номинација, сенаторот од Вермонт и натаму се оглушува на повиците да се повлече од трката.
Клинтон мора и натаму да се концентрира на партиските предизбори каде конечната пресметка ќе се одвива на 7-ми јуни, кога ќе се гласа во шест држава, вклучително и во Калифорнија којашто дава најмногу делегати – 548.
Водството на Клинтон според бројот на делегатите значи дека таа на крајот веројатно и ќе биде кандидатка на демократите, но сé уште ѝ недостигаат повеќе од сто. Сандерс би морал на сите преостанати предизбори до 14-ти јуни да освои речиси 90 отсто од сите преостанати делегати, што се чини дека е речиси невозможно.
За конечното освојување на партиската номинација кај Демократската партија, која ќе се одржи од 25-ти до 28-ми јули во Филаделфија, потребна е поддршката од 2.383 делегати. Клинтон има близу 2.300, на што се додаваат уште 500 ткн „супер делегати“ кои однапред најавија дека на конвенцијата дека ќе гласаат за поранешната државна секретарка Сандерс околу 1.530, но се надева на предомислување на претходно изјаснетите делегати.
Клинтон, откако Сандерс најави битка до последниот делегат, не се осмели да го повика сенаторот да се повлече од трката, а овој, пак, ги обвини медиумите и некои аналитичари наклонети на Демократската партија, дека прерано го отпишуваат.
Републиканците во вторникот гласаа само во сојузната држава Орегон, што беше гласање без значење, бидејќи Доналд Трамп остана единствениот нивен кандидат во трката. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.