Контакт

Вести

Една жртва во експлозија пред италијанскиот конзулат во Каиро

Објавено пред

Едно лице загинало во саботата во експлозија во близина на конзулатот на Италија во египетската престолнина Каиро, соопштија безбедносни функционери, изразувајќи стравување дека исламските екстремисти може да отворат нов фронт против странците во Египет.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на египетското министерство за здравство, Хосам Абдфел Гафар, потврдил за египетските медиуми дека едно лице е загинато во експлозијата. Болнички извори за електронското издание на весникот Al Ahram соопштиле дека седум лица, од кои двајца полицајци кои биле во обезбедување во близина на италијанската дипломатска мисија, биле повредени во инцидентот.

Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони објави дека меѓу настраданите нема италијански државјани. Идентитетот на жртвата, инаку, не е утврден.

„Бомба во нашиот конзулат во Каиро. Нема потврда за жртви меѓу Италијанци. Ние сме со настраданите луѓе и службениците. Италија не дозволува да биде заплашена“, напиша Џентилони на Twitter, пренесува агенцијата Ansa.

Вонредната кризна група на министерството за надворешни работи на Италија, како и италијанските дипломати во Каиро продолжуваат да ја следат ситуацијата и се во постојан контакт со египетските власти, се додава во извештајот на агенцијата.

Египетската државна агенција Mena, пренесува дека во близина на италијанскиот конзулат со помош на далечински управувач во воздух бил кренат автомобил бомба, а оти зградата на конзулатот претрпела значителни оштетувања. Експлозијата ги треселе и зградите во близина и можела да се слушне и во другите каирски населби.

Засега ниедна од екстремните групи не ја презема одговорноста за нападот. Исто така, засега не е можно да се утврди дали вистинска цел на нападот бил италијанскиот конзулат.

Во Египет се забележува зголемување на бројот на нападите на туристички цели, а во јуни беше извршен самоубиствен напад во близина на древниот храм Карнака кај Луксор. Можноста од напади врз странските туристи, како што исламистите тоа го направија претходно во Тунис, може да биде најава за опасна ескалација на насилствата во Египет.

Исто така, тоа може да претставува и тежок економски удар врз земјата којашто економски е силно дестабилизирана по ткн Арапска револуција од пролетта 2011 година, кога беше соборен деценискиот автократски челник Хосни Мубарак и подоцнежните постојани немири и судири со илјадници загинати меѓу приврзаниците на исламистичкото Муслиманско братство и безбедносните сили кои ги застапуваат либералните и секуларни политички сили во земјата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ, дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 час

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 час

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет2 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет2 часа

Зеленски: Од украинска страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет2 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија12 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет15 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет16 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија17 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија17 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија17 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија21 час

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија22 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија22 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија23 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ23 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија1 ден

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија1 ден

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет1 ден

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...