Контакт

Вести

Лавров подготвен со Чавушоглу да ги разјасни ставовите за IS и за обезбедување на турската граница

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави вечерта во средата во Белград дека е подготвен да се сретне со турскиот колега Мевлут Чавушоглу на маргините од Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), истакнувајќи дека Русија „има некои прашања“ за Турција, но и оти е подготвена да се ангажира за обезбедување на нејзината граница од нарушувања од страна на џихадистите.

dobivaj vesti na viber

„Сакаме да го разјасниме турскиот став, бидејќи тие инсистираат на таа средба… Да слушнеме што Турците сакаат да кажат, покрај она што веќе јавно го рекоа. Ќе биде тажно доколку нема ништо ново“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по пристигнувањето во Белград, пренесе Радиотелевизија Србија (РТС). Притоа додаде дека Русија „има некои прашања за Турција“.Лавров, исто така, ги негираше наводите во турските медиуми дека во телефонскиот разговор со Чавушоглу го отфрлил користењето на директната линија за комуникација на 25-ти ноември. Како што во вторникот рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и шефот на руската дипломатија истакна дека „таа линија веќе постоеше, но Турците никогаш не ја искористија“.Лавров ја обвини и турската страна дека не е веродостојна во врска со нејзиното наводно учество во заедничката коалиција против Исламската дражва.Турција не може самата да ги обезбеди границите кон Сирија и Ирак, смета Лавров, како што од неа бара меѓународната заедница, за да се спречи приливот на странски борци на тамошните боишта и доставување оружје и муниција, и криумчирањето во обратна насока на нафта и археолошки предмети кои служат за финансирање на екстремните исламистички групи.„Веројатно тука е неопходно не само да се започне дополнителна процедура на истрага, како да им се објасни на сите без исклучок, дека треба да се затвори турско-сириската граница“, рече првиот руски дипломат по разговорите со Дачиќ и притоа истакна дека „напорите само на Турција нема да бидат доволни, и неопходно е да ѝ се помогне, за да има објективна, ситуација којашто ќе биде јасна за сите“.„Доколку Исламската држава би се обидела да го спречи воспоставувањето на тие бариери, сигурен сум дека руските воздухопловни сили заедно со антитерористичката коалиција на чие чело се САД, ќе биде во можноста да обезбеди воздушна поддршка и ќе ги спречи тие обиди“, рече Лавров./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца...

Македонија2 часа

MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна

Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“. Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен...

Свет4 часа

(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел...

Свет5 часа

Стјуардесата која ја преживеа несреќата во Јужна Кореја: „Причината веројатно е судир со птица“

Претпоставувам дека причината за несреќата е судир со птица, изјави едната од двајцата спасени членови на екипажот за локалните медиуми,...

Свет6 часа

Патник испратил порака до семејството пред катастрофата – најмалку 151 лице загина во авионската несреќа во Јужна Кореја

Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга...

Свет7 часа

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет7 часа

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет8 часа

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија8 часа

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија21 час

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ21 час

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија1 ден

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет1 ден

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија1 ден

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија1 ден

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет1 ден

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет1 ден

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...