Забава
Дневен хороскоп, 17.ноември
Овен
Вашата психичка состојба поради разни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можите да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот сексулаен живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток. Потребен ви е одмор. Овновите кои се во брак ќе се повлечат во себе, а партнерот ќе превземе се во свои раце. Здравје; солидно.
Бик
Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство, но секако нема да биде многу страшно. Бидете поладнокрвни и обидете се потрезвено да ги решите проблемите.
Близнаци
Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема подршка од саканата личност, а тоа е доста важно во ваки моменти. Здравје: нежно.
Рак
Бидјеќи молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чуствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се заврите сите бараат пари, а работните проекти за сега доцнат. Па затоа за денеска се советува само трпение.
Лав
Денеска ќе морате посебно внимание да обрнете на тоа што го работите. Ако енергијата ја насочите позитивно, ќе имате успех. Комуникациите ви се одлични, а работната енергија во пораст, но ќе биде зголемена и вашта агресивност. Избегнувајте работи во кои се вртат пари и бидете внимателни со имотот. Што се однесува до љубовта ова е прекрасен ден кој долго ќе го паметите.
Девица
На работно место ве очекуваат купови работни задачи повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Бидете ефективни. Вашите желби ќе бидат во чекор со моменталните настани. Во љубовната врска ќе изнаоѓате многу недостатоци. Ќе бидете недоверливи. Внимавајте бидејќи партнерот може погрешно да го протолкува вашето однесување. Брзо решете го краткиот спој во врската.
Вага
Ќе се обидувате да ја одгатнете емотивна енигма. Бидете трпеливи уште некое време и договорот ќе го добиете со леснотија. Размислувањата за некоја стара љубов не ве водат никаде. Спасувајте ја моменталната врска како знаете и умеете бидејќи е во мала криза. Доколку се чуствувате осамено некои ваши пријатели ќе ви помогнат да не се чуствувате така.
Скорпија
Добро се чувствувате и активно пристапувате кон работните обврски и проблемите. Ќе имате помали проблеми во комуникацијата со околината, посебно родителите. Највероватно тоа ќе бидат вербални препирки кои само ќе го расипат доброто расположение. Не подпаѓајте под изказите на партнерот, концентрирајте се на неговите постапки и чисти емоции. Финансиската состојба нестабилна, а здравјето многу добро.
Стрелец
Целосно ќе им се посветите на работата и воопшто нема да имате време за одмор. Денов е поволен и за сите интелектуални активности. Интересот на јавноста за вашите одлуки и планови ќе биде доста изразен. Љубовниот живот се подобрува. Ве очекува средба со личност од спротивниот пол која може да ви го промени животот. Здравје: многу доборо.
Јарец
Ќе чуствувате внатрешен немир што многу ќе делува врз односот со парнерот. Ќе бидете во неизвесност по прашањето за љубовта бидејќи ќе се најдете во ситуација каде ни самите не ќе знаете што сакате и што чуствувате. Ако постои вистинска љубов во вашата врска партнерот ќе ви даде подршка и ќе се потруди да не покажува дека и тој е напнат и незадоволен. Здравје: нрвоза пропратена со галвоболка.
Водолија
Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда. Значи треба само да бидете внимателни, мудри и успехот ви е гарантиран.
Риби
Ова не е ден ниту за сонување ниту за одмор. Ќе морате добро да се потрудите за да успеете да ја сочувате вашата позиција и да го одбраните вашето мислење. Ако тоа ви се случи не правете никакви застои. Опуштете се во душтвото на личноста која многу ви значи, бидејќи таа ќе направи се што е во нејзина моќ за да ви помогне во овој нестабилен ден. Здравје: за вашите здраствени проблеми побарајте совет од лекар.
крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најпосакуваниот моден додаток за сезоната – нема да излезете од дома без него
Парче кое веќе станува вистинска ѕвезда на зимскиот аутфит и влегува во фазата на гламур, и што е најважно – ја воздигнува секоја комбинација без напор, а исто така и без големи трошоци.
Оваа модна сезона, секој детаљ е важен, а кожните ракавици изненадувачки се појавија во преден план, не само како заштита од студот, туку и како моден додаток што го дефинира целиот изглед.
Од дневен изглед до вечерен гламур: кожните ракавици го воздигнуваат секој аутфит
Модните експерти веќе споменаа дека ракавиците се главен детаљ на зимскиот изглед, благодарение на нивната способност да воздигнат обична јакна или капут во стилски сегмент.
Ракавиците се практичен додаток, но токму сега влегуваат во фазата на гламур: класична кожа, продолжена до лактот, во светли бои или минималистичка во црна боја – сите се видени во моменти на уличен стил и на светските модни писти.
Тие го воздигнуваат изгледот без напор – додадете ги на палто, плетена облека, фустан и автоматски добивате пософистициран резултат.
Како да носите кожни ракавици – 3 стилски правила
– Со капут или волуменозна јакна: Изберете подолги ракавици кои се влегуваат под ракавите на капутот, ова дава впечаток на скулптурална силуета и држење.
– Со вечерен фустан: Ракавиците можат да бидат клучен елемент на гламур – а на модните писти, долгите ракавици најчесто се гледаа комбинирани со фустани.
– Со едноставна дневна облека: Облечете џемпер, фармерки, долг мантил и додадете ракавици во контрастна боја и облеката станува промислена и непогрешлива.
Ако размислувате за мини-трансформација на вашиот моден стил оваа сезона, започнете со ракавици. Тие ви овозможуваат да го претворите дури и наједноставниот мантил во стилско издание, да го зачините вечерниот фустан со неочекуван додаток и да ги доживеете зимските денови со допир на елеганција.
Во сезоната 2025/26, ракавиците не се само додаток – тие се ѕвезда.
фото: принтскрин
Забава
Како Метју Меконахи ја пронајде жената на својот живот: еден сон го „отрезни“
Метју Меконахи рекол дека благодарение на еротски сон, ја пронашол љубовта на својот живот, пишува „Us Weekly“.
„Во моите средни триесетти години, ја барав љубовта на мојот живот, мојот најдобар пријател и мајката на моите деца. Барав повеќе, барав само една, ја барав неа, а потоа имав чуден сон“.
Тој го видел своето постаро јас, вели тој, седејќи на стол за лулање на тремот од својот дом. Не бил сам, туку му правеле друштво 22 жени со кои има 88 деца, а имало дури и 22 возила.
Меконахи нагласил дека во сонот не бил во брак со овие жени, туку дека тие го претставуваат мирот и среќата што долго време ги барал. Тој исто така рекол дека секое поединечно дете симболизира една година од неговиот живот, а причината за нивното собирање била да го прослават неговиот 88-ми роденден.
„Секоја жена била смирена и задоволна, а секое дете било насмеано и здраво. Сите се познававме многу добро“, напишал тој.
Тој рече дека има убави спомени од овие жени.
„Секоја мајка и јас споделувавме идилични спомени, во вториот дел од сонот децата ми седеа во скут“, рече тој и откри дека на крајот од сонот направиле и семејна фотографија.
Време е
Метју Меконахи рече дека овој сон многу му помогнал да ја оствари својата животна желба – да стане татко. Тој исто така нагласи дека благодарение на ова „духовно будење“ престанал да ја бара совршената жена.
„Тоа беше духовен знак, порака да се предадам, да престанам намерно да ја барам совршената жена и да го прифатам природниот процес на селекција, да ја најдам, таа да ме најде мене или едноставно да не се случи. Затоа престанав да ја барам.“
И потоа…
Откако се откажа од потрагата по жената на својот живот, се случи нешто неочекувано. Три месеци подоцна, ја запозна Камила Алвес, неговата сегашна сопруга, во еден бар во Лос Анџелес.
„Три месеци подоцна, ја запознав Камила“, напиша тој. „Дваесет години подоцна, таа е сè уште единствената жена со која некогаш сум сакал да излегувам, да спијам или да се будам покрај неа.“
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ким Кардашијан воодушеви со нејзиниот стајлинг
Ким Кардашијан веќе долго време привлекува внимание. Неодамна докажа дека има префинет вкус за мода и култни трендови, а сега покажа како винтиџ фустаните на Александар Меквин добиваат поинаков тон во темна атмосфера.
Таа носеше лелеава креација во кафеава боја со асиметричен крој и длабоко деколте, а е дел од колекцијата пролет/лето 2003 на Меквин.
За фотосесијата, Кардашијан избра мирна вечер, но и леден океан за да ги создаде овие магични снимки, како водна нимфа што си игра на површината на водата.
Сепак, ако ја анализирате објавата подетално, ќе забележите дека нејзиното играње на површината на водата е всушност референца на кадар од краток филм на Џон Мејбери што ја краси ревијата „Irere“ на Меквин во 2003 година.
Како и да е, грациозноста и елеганцијата беа секако забележливи, а да не зборуваме за витката фигура. Обожавателите на Кардашијан имаа само убави зборови за овој моден едиторијал.
фото: принтскрин

