Контакт

Манифестации

„Аве Цезар“ на браќата Коен вечерва на Cinedays

Објавено пред

„Аве Цезар“ на браќата Коен, „Само крај на светот“ кој на режисерот Долан му ја донесе Гран при наградата од жири во Кан, новиот филм на Џим Џармуш, „Дај ми опасност“, кој ја документира приказната за Стуџис, еден од најдобрите рокенрол бендови на сите времиња и настап на Jherek Bischoff, композитор, аранжер, продуцент и мултиинструменталист од Лос Анџелес е само дел од она што може да се доживее во четврток на Cinedays.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение е комплетната програма.

Кино МИЛЕНИУМ

20.00 ч.
„САМО КРАЈ НА СВЕТОТ“
Овој филм на режисерот Ксавиер Долан му донсе Гранд при награда од жири и Награда на екуменското жири на годинешниов филмски фестивал во Кан. Филмот му е посветен на еден писател, кој по 12 години отсуство се враќа во родниот град, сакајќи да го извести семејството дека умира. Набрзо, огорченоста го менува текот на попладнето, избувнуваат бес и кавги, предизвикани од осаменост и сомнеж, додека сите обиди за емпатија се саботирани од неспособноста на луѓето да ислушаат и да сакаат.

22:00 ч.
АВЕ, ЦЕЗАР!
Филмот на Џоел и Етан Коен се случува во ранте 1950-ти. Еди Меникс вредно работи во обид да ги реши сите проблеми на актерите и филмските работници во „Капитол пикчрс“. Неговите најнови случаи вклучуваат незадоволен филмски режисер, распеан каубој, прекрасна пливачка и згодна танчарка. И како сето тоа да не е доволно, Меникс се соочува со неговиот најголем предизвик досега, кога Берд Витлок го киднапираат облечен во костим за снимањето на римскиот епски филм „Аве, Цезар!“ Ако студиото не плати откуп од 100.000 долари, тоа ќе значи крај за репликите на филмската ѕвезда.
Во филмот играат и Џорџ Клуни, Ралф Фајнс и Скарлет Јохансон.

КИНО ФРОСИНА

17.00 ч.
ГАЛОПИРАЧКИ УМ
Филмот на Вин Вандкејбис е во официјална селекција на Cinedays. Тој е приказна за близнаци разделени по раѓањето, од кои девојчето расте во удобноста на средната класа, а нејзиниот брат среде улична банда. Дванаесет години подоцна, нивните патишта повторно се сретнуваат и тие ја откриваат нивната заедничка судбина, наметната од страна на возрасните. Тоа е почетокот на возбудлива потрага по нивните корени и нивната независност, но ниеден од нив не може да побегне од минатото…
Натали Бродс на Филмскиот фестивал во Остенде доби награда за најдобра споредна улога .

21.00 ч.

ДАЈ МИ ОПАСНОСТ

Новиот филм на Џим Џармуш, „Дај ми опасност“, ја документира приказната за Стуџис, еден од најдобрите рокенрол бендови на сите времиња. Филмот го прикажува контекстот на појавата на Стуџис низ музичка, културолошка, политичка и историска призма и ги поврзува нивните добри и лоши авантури, бележејќи ја нивната инспирација и причината зад нивните почетни комерцијални предизвици како и она што го оставаат зад себе.

23.00 ч.

ПТИЧКА

Рускиот филм на Владимир Бек е во официјална селекција на фестивалот отвора многу дилеми и прашања. Кога си заминува вашето детство? Си заминува кога наместо да играте фудбал со други деца, седите и тивко размислувате крај реката. Кога мислите не ви даваат сон, а светулката удира во тенџере како срце. Кога во главата ви се создаваат песни и чувствувате огромна потреба да запеете. Си заминува кога одеднаш сфаќате: летото завршува и тоа е последното лето од вашето детство.

ЏЕБНО КИНО

17.30 ч. Продолжуваме со серијата СТУДЕНТСКИ ФИЛМОВИ, а денес на програмата се филмови од Факултетот за драмски уметности од Белград
20.00 ч. STUDANTS
Во рамките на програмата Cinedays+ е филмот на Тамара Котеска Што се случува кога природниот хабитат на одреден вид мравки е загрозен? Очекувано, тие тргнуваат во потрага по нов, подобар. Постои еден таков вид во југоисточните делови на Европа, познат како студенти, а филмот е „експеримент“ кој настојува да покаже што се случува кога овие „мравки“ го напуштаат домот за да најдат подобар, некаде во САД. Ги следиме приказните на тројца амбициозни студенти од Македонија кои учат како да преживеат во новиот хабитат, сосема различен од претходниот. Навистина ли е новиот дом подобар?

22.00 ч. Продолжуваме со ревијата филмови на Орсон Велс, вечерва се прикажува филмот „Полноќни ѕвона“.

МКЦ

JHEREK BISCHOFF
23:00 | сала 25 Мај
Jherek Bischoff е композитор, аранжер, продуцент и мултиинструменталист од Лос Анџелес. Во неговите необични 30 години живот, тој има соработувано со Kronos Quartet, Bang on a Can, David Byrne и Neil Gaiman, и има настапувано во простори и на фестивали ширум светот, меѓу кои и Ројал Алберт Хол, Карнеги Хол, Рејдио Сити Мјузик Хол, на фестивалот Adelaide и на фестивалот MONA FOMA во Тасманија. Како композитор бил ангажиран од Kronos Quartet, Lincoln Center и St Ann’s Warehouse и негови дела се изведувани од Seattle Symphony, Adelaide Art Orchestra, Wordless Music, Stargaze и yMusic.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија11 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија13 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија15 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија16 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија17 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија18 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија2 дена

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет2 дена

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет2 дена

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет2 дена

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...