Македонија
Либерализацијата на пазарот на струја пролонгирана за домаинствата до средината на 2020.
Целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, која требаше да стартува на почетокот на наредната година, се пролонгира и ќе се спроведува во пет фази од средината на 2016 до средината на 2020 година.
Ваква одлука донесе владата на предлог на министерството за економија по извштените анализи кои покажале дека целосното отворање на пазарот драстично би ја поскапело цената на цената на електричната енергија за домаќинствата, и тоа помеѓу 17,7 отсто до 20 отсто, информираше во четвртокот ресорниот министер Беким Незири.
Тој информираше дека либерализација на пазарот на електрична енергија предвидено е да се направи во две етапи. Првата етапа ќе биде пролонгирање на либерализацијата на електричната енергија од 1 јануари 2015 до 1 јули 2016 година. Втората етапа ќе почне да се имплементира од 1 јули 2016 и ќе се спроведува во пет фази.
Во првата фаза на 1 јули 2016 година со својство квалификуван потрошувач ќе се стекнат потрошувачите кои во 2015 година имаат остварено вкупна потрошувачка на електрична енергија од над 1.000 мегават-часови. Во таа категорија спаѓаат околу 100 потрошувачи со вкупна очекувана потрошувачка од 300 гигават-часови електрична енергија.
Втората фаза ќе почне на 1 јули 2017 година кога квалификувани потрошувачи ќе станат компаниите со остварена вкупна потрошувачка од над 500 мегавати во 2016 година, односно околу 150 потрошувачи со очекувана потрошувачка од 300 гигават-часови годишно.
На 1 јули 2018 година квалификувани ќе станат потрошувачите со остварена потрошувачка на електрична енергија од над 100 мегават-часови во 2017 година или 900 потрошувачи со очекувана годишна потрошувачка од 300 гигават-часови.
фаза ќе почне на 1 јули 2019 година кога квалификувани потрошувачи ќе станат потрошувачите со потрошувачка од над 25 мегават-часови во 2018 година, поточно околу 3.500 потрошувачи со очекувана годишна потрошувачка од 300 гигават-часови и последната петта фаза ќе почне на 1 јули 2020 година и во неа пазарот ќе се либерализира за останатите 65.000 мали потрошувачи и околу 600.000 домаќинства со вкупна годишна потрошувачка од околу 3.200 гигават-часови.
„Како најпогоден критериум за поделба на потрошувачите, при утврдувањето на динамиката за добивање на статус на квалификуван купувач со право на избор на снабдувач на електрична енергија на отворениот пазар, е земена потрошувачката нa електрична енергија. Постојат повеќе причини за ова, меѓу кои достапност на податоци и информации за поделбата, транспарентност на постапката, разбирливост и лесна комуникација, недискриминација, предвидливост на ефекти и ризици, стабилност на регулираниот сектор, цените за домаќинствата и европско искуство“, рече Незири.
Министрерот за економија истакна дека ваквата натамошна либерализација на пазарот на електрична енергија во е поволна, бидејќи во период од 18 месеци ќе може, доколку е потребно, да се превземаат одредени мерки со цел да може либерализацијата во следните фази да се спроведе успешно и да се постигнат добри резултати и ефекти. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

