Црна хроника
Шест странски танчарки и пејачки на црно работеле во Горно Седларце
Припадниците на одделот за сузбивање орагнизиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи откриле шест странски државјанки кои непријавени работеле како танчарки во локалот „Кораби“ во Горно Седларци, тетовско.
Станува збор четири албански државјанки, една албанска и една косовска државјанка кои влегле во земјата нелегално. Тие сега се сместени во Центарот за странци и од страна на Секторот за гранични работи и миграции, и ќе им биде поднесена мерка „Забрана за влез во Република Македонија“.
Контролата била спроведена во рамките на акцијата за откривање незаконски вработувања и нелегален престој на странски државјани, а по неа против 37-годишниот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело„криумчарење мигранти“.Имено тој занел дека знаел дека девојките имаат забрана за влез во Македонија, ги прифатил, сместил и работно ги ангажирал како танчарки.
Во текот на извршената контрола во објектот биле пронајдени вкупно 16 девојки, кои работат во објектот како танчарки, келнерки и пејачки, од кои три македонски и 13 странски државјанки. При контрола на документите утврдено е дека шест девојки (пет од Албанија и една од Косово) немаат регулиран престој во Македонија, односно, четири девојки со потекло од Албанија, поседуваат активна забрана за влез во Македонија, додека една албанска и една косовска државјанка, немаат остварено регулиран влез во Македонија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

