Вести
Иранските реформатори ги освоија сите мандати во Техеран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/iran20izbori.jpg)
Сојузниците на иранскиот реформаторски претседател Хасан Роухани извојуваа уверлива победа во главниот град Техеран, на првите избори од потпишувањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили, пренесуваат медиумите во неделата.
По 90 отсто од преброениот изборен материјал, Листата на надеж на сојузниците на претседателот Хасан Роухани ги освоила сите 30 мандати во престолнината Техеран, а водечкиот конзервативен кандидат Голамали Хадад-Адел е на 31-то место. Меѓутоа, реформистите стојат дијаметрално спротивно во изборните единици надвор од главниот град.
„Изборите се готови. Време е да отвориме ново поглавје во економскиот развој на Иран, врз основа на домашните можности и можностите коишто се пружат на меѓународен план“, изјави Хасан Роухани, претставник на умерените реформаторски сили, пренесува иранската новинска агенција Irna.
„Натпреварувањето е завршено и дојде времето за единство и соработка“, изјави за иранската државна телевизија поранешниот претседател Али Акбар Хашеми Рафсанџани, умерен конзервативец и клучен сојузник на Роухани.
Милиони Иранци излегоа во петокот на гласањето за 290 пратеници во парламентот и за 88 членови на Советот на стручњаците, која е најважната верска институција во Иран, којашто не се занимава со дневна политика, но според оцените на коментаторите изборот на двајцата многу ќе го намали влијанието на ултраконзервативното свештенство во ова тело.
Роухани и Рафсанџани добиле најмногу места за Советот на стручњаците, кој го сочинуваат искусни политичари и високи верски функционери а и го именува врховниот верски и општествен водач, должност на којашто во моментов е 76-годишниот ајатолах Али Хамнеи.
Резултатите од парламентарните избори во Техеран се значајни, бидејќи пратениците од главниот град најмногу влијаат врз политичкиот курс на претставничкото тело. Парламентот со години беше со мнозинство на тврдолинијашите и конзервативците, кои се противат на приближувањето на Иран со Западот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.