Свет
Медиуми: Трамп ја разгледува кандидатурата на Мит Ромни за државен секретар
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во недела ќе се сретне со Мит Ромни, републиканскиот претседателски кандидат од 2012 година, и веројатно ќе разговараат за неговото ангажирање во новата администрација како државен секретар, тврдат во четвртокот извори запознаени со состанокот.
Според телевизиската мрежа MSNBC, Доналд Трамп ја разгледувал кандидатурата на Мит Ромни за позицијата шеф на Стејт департментот, повикувајќи се на извори од опкружувањето на новиот американски претседател кој на должноста ќе стапи на 20-ти јануари следната година.
Извор на агенцијата Reuters рекол дека во текот на закажаниот состанок во недела се очекува да биде разговарано за многу прашања, како и дека е можно да се зборува и за местото државен секретар на САД.
Тоа би претставувало извонреден пресврт, кога се знае дека Ромни беше жесток критичар на Трамп,и ги повикуваше републиканците да гласаат за кого и да е само не за него, во периодот кога партијата го избираше својот претседателски кандидат.
Ромни во текот на партиските предизборни особено го нападна Трамп поради предлогот да им забрани влез во САД на муслиманите, а ја има и традиционалната републиканска сомничавост кон Русија која во текот на кампањата во 2012 година ја нарече геополитичка закана за САД, потсетува AFP.
Од друга, страна Трамп во својата кампања годинава изјавуваше дека ќе соработува со рускиот претседател Владимир Путин кој пак убаво се изразуваше за овој деловен човек кој стана челник на најмоќната држава.
Медиумите нагаѓаат за повеќе личности за државен секретар, меѓу кои и гувернерот на сојузната држава Јужна Каролина, Ники Хејли, друг републиканец кој на почетокот млако реагираше во однос на Трамп. Во истиот кош е и Рудолф Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и непоколеблив приврзаник на Трамп, како и амбасадорот на САД при Обединетите нации, Џон Болтон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

