Свет
Над 60.000 исчезнати во колумбиската граѓанска војна
Во вооружениот судир во Колумбија кој траеше од 1970 до 2015 година кога беше склучено примирјето, исчезнале 60.630 луѓе, што е речиси двојно повеќе отколку во текот на чилеанската и аргентинската диктатура заедно, се истакнува во извештајот на Националниот центар за историско паметење (CNMH).
„Од димензиите на тоа злосторство се наежува кожата“, оценуваат од CNMH во извештајот под наслов „Додека не ги пронајдеме. Трагедијата на присилните исчезнувања во Колумбија“ кој идната седмица ќе ѝ биде претставен на јавноста во Богота и во Меделин, вториот по големина град во Колумбија, кој многу настрада во граѓанската војна која се води речиси половина век.
Не се пронајдени сите виновници за исчезнувањето на овие луѓе чиј број досега се проценуваше на околу 45.000. Меѓутоа, паравоените милиции накрајната десница се одговорни за 13.500 исчезнати, герилата на крајната левица за 5.900, криминалните групи за 2.600 и државата за .2.300 исчезнати, се наведува во извештајот.
Во воената диктатура во Чиле, од 1973 до 1990 година исчезнале 3.200 луѓе, смета тамошната Комисија за вистината, а во текот на аргентиснито воен реѓим, од 1976 до 1983 година, околу 30.000 луѓе, според процените на хуманитарните организации.
Од CNMH истакнуваат дека присилното исчезнување е една од „најстрашните“ методи со коишто политичките режии и вооружените групи се користеле за да ја наметнат својата власт. „Тој облик на насилство поттикнува голем страв, носи долготрајно патење, влијае врз животот на семејствата низ неколку поколенија и парализира цели заедници и општества“, се нагласува во извештајот.
Во најдолгиот вооружен судир на западната хемисфера кој трае 52 години и во кој учествуваат паравоени милиции, повеќе од триесет герилски групи и војската, загинале најмалку 260.000 луѓе а 6,9 милиони се раселени, несметајќи ги исчезнатите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.
„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.
Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.
И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.
Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.
Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Свет
Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина
САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.
Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.
Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.
Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.
„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.
depositphotos
Свет
Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој го објави ова за време на заедничката прес-конференција со Фридрих Мерц на Германско-украинскиот економски форум, пренесува „Европејскаја правда“.
Тој нагласи дека САД дејствуваат како посредник во овие преговори.
„Секако, не сите прашања се едноставни. Постојат сложени работи, особено во врска со териториите. Секако, сите го покренуваат ова прашање. И тука е важно сите ние да работиме на тоа ваквите прашања да се решат апсолутно праведно. Дијалогот за териториите не беше доволен и ми се чини дека досега имаме различни позиции, да бидам искрен, но мислам дека колегите го слушнаа мојот личен став“, рече Зеленски.
Во исто време, тој истакна дека е постигнат напредок по многу прашања за време на неодамнешните преговори.
„Навистина имаше напредок по многу прашања. Искрено, не знам како Русија ќе го перцепира ова – во однос на релевантните резултати од нашите разговори“, нагласи украинскиот шеф на државата.
Во Берлин се одржа состанок на украинската делегација предводена од Володимир Зеленски со претставници на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф денес објави значителен напредок во преговорите.
depositphotos

