Црна хроника
Пијан полицаец ги навредувал старешините
Пијан полицаец почнал да ги навредува претпоставените додека седел во кафеана во охридското село Косел.
Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во петокот вечер во ресторан „Јарец“, кога пполицаецот С.С., кој бил во униформа, за време на извршување на работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник, седел на една од масите и конзумирал алкохол и во еден момент од џебот од униформата извадил повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18.11.2016 година. Притоа гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид. Причина за заканите и навредите била да се наруши интегритетот, угледот, честа и достоинството на пријавителите како повисоки раководни лица во СВР-Охрид, со што кај истите предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност.
За настанот е запознат Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.