Црна хроника
Кривични пријава за уште девет лица во акцијата „Гора“
Единица за економски и компјутерски криминал во текот на октомври годинава во рамките на ОА Гора поднесе шест кривични пријави против девет лица.
За нив постои основи на сомнение за сторени 15 кривични дела од кои: две дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, по две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „помагање“ в.в „злоупотреба на службена положба и овластување“, пет кривични дела ,,кражба“, две кривични дела ,,фалсификување службена исправа“ како и две кривични дела ,,фалсификување или уништување на деловни книги“. .
Во првите два случаи поднесени се кривични пријави против М.Т.(45) и Н.С.(51) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле две кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Пријавените како возачи на ТМВ вршеле јавен превоз на стоки- гревно дрво без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерство за транспорт и врски.
Во третиот и четвртиот случај поднесени се две кривични пријави против А.Ш.(24) и С.А.(64) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле две кривични дела „кражба“. Пријавениот А.Ш., на точно неутврден датум и место, со намера за противправно присвојување со употреба на погодено средство од туѓа шума извршил безправна сеча и одзел повеќе стебла огревно дрво вид бука, иако знаел и бил свесен дека непоседува одобреније за сеча, по што безправно исечените огревни дрва вид бука во количина од 4.50 метри кубни без јасно видлив шумски жиг и без соодветна документација за транспорт ги натоварил во ТМВ. Пријавениот С.А. исто така со намера за противправно присвојување од туѓа шума исекол повеќе стебла огревно дрво бука, даб и габер чие количество е поголема од еден метар кубен, без одобрение за сеча, а потоа безправно исечените дрва без соодветна документација-испратница за превоз и без јасно видлив шумски жиг и боја, ги натоварил во ПМВ.
Во петиот случај поднесена е кривична пријава против М.А.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и кривично дело „фалсификување службена исправа“, како и против Е.И.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ в.в. со член 24 од КЗ, кривично дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги“ и кривично дело ,,кражба“. Пријавениот М.А., во својство на референт за превоз во Подружница Шумско Стопанство-„Куманово“ при Јавно претпријатије „Македонски шуми“ Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на тој начин што по претходен договор со Е.И. во Шумско Стопанска Единица „Ваксинци“ во Оддел 67 каде што откако второпријавениот за да му овозможи легален превоз на безправно исечените дрва, искористуваќи ја својата службена положба и овластување, ги жигосал дрвата со жиг бр.457 и изготвил и со својот потпис и печат на ЈП Македонски шуми-ПШС „Куманово“ заверил испратница во која внел невистинети податоци, дека наводно се превезуват само шест метри кубни огревно дрво бука по Дозвола за сеча, иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на второпријавениот во ТМВ, на околу осум и пол метри кубни огревно дрво бука, и потоа испратницата со невистината содржина му ја дал на второпријавениот заради вршење на легален превоз на исечените букови огревни дрва.
Во шестиот случај поднесена кривична пријава против С.В.(32) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ и „фалсификување службена исправа“ и против Б.С.(23) поради постоење на основано сомнение дека исто така сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „кражба“ и против А.Б.(22) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Пријавениот С.В., во својство на Контролор на рампа во ПШС Куманово во состав на ЈП Македонски Шуми-Скопје, со искористување на својата службена положба и овластување, а на барање на Б.С., изготвил и со својот потпис и службен печат на ЈП Македонски шуми ПШС Куманово заверил документ дозвола за сеча на огревно дрво. Дозволата за сеча му ја дал на второпријавениот по што истиот заедно со третопријавениот наместо да извршат сеча на буково дрво во вкупна количина од два и пол метри кубни, истите безправно исекле огревно дрво вид даб и габер во количина од над три пол метри кубни. Првопријавениот за да им овозможи легален превоз на безправно исечените дрва, на второ и третопријавените искористуваќи ја својата службена положба и овластување, ги жигосал дрвата со шумски чук и изготвил и со својот потпис и службен печат на ЈП Македонски шуми ПШС Куманово, заверил Испратница во која внел невистинети податоци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

