Европа
Меркел најави дека ќе се кандидира за четврти мандат

Германската канцеларка Ангела Меркел ја информирала својата партија Христијанско-демократската унија(ЦДУ) дека ќе се кандидира за четврти мандат на парламентарните избори во 2017 година, јави агенцијата дпа, повикувајќи се на партиски извори.
Меркел(62) на партиски собир во Берлин, исто така, рече дека очекува на конгресот во декември повторно да биде избрана за претседател на ЦДУ.
Меркел е на власт од 2005 година, а последните месеци се соочува со повеќе проблеми, од критики заради лошото решавање на мигрантската криза, до пад на поддршката во време на раст на десното популистичко расположение.
Германија не го ограничува бројот на мандати на канцеларот.
Доколку освои уште еден четиригодишен мандат, за што анкетите велат дека е можно, тоа ќе значи изедначување на повоениот рекорд што го постави нејзиниот ментор Хелмут Кол, кој беше канцелар за време на падот на Берлинскиот ѕид.
Одлуката Меркел да се кандидира веројатно ќе биде поздравена во многу престолнини како знак на стабилност по шокантната одлука на Велика Британија да ја напушти Европската унија(ЕУ) и изборот на Доналд Трампп за американски претседател, оценува АФП. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин потпиша мобилизација, вика најмногу луѓе во војска во последните 10 години

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите.
Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе од лани и најголем број регрути во последните десет години.
Путин и овој пат вети дека регрутите нема да бидат испратени на бојното поле. Но, имаше и претходни случаи на заробени и убивани регрути за време на нејзината „специјална воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува својата тригодишна инвазија на Украина.
Европа
Полска потпиша договор со САД во вредност од 2 милијарди долари

Полска потпиша договор со САД во вредност од 2 милијарди долари за програма за „повеќеслојна противвоздушна одбрана“, соопшти полското Министерство за одбрана.
Варшава презеде неколку мерки за зајакнување на својата национална одбрана од почетокот на руската целосна инвазија на Украина. Земјата редовно ги подигнува своите борбени авиони и ги активира единиците за противвоздушна одбрана поради руските напади во близина на нејзината граница.
Договорот со САД беше финализиран на 31 март и вклучува испорака на опрема за противвоздушна одбрана и логистичка поддршка за системите Патриот, објави полското Министерство за одбрана.
„Потпишувањето на договорот е потврда за долгогодишната и интензивна соработка меѓу Полска и САД на полето на безбедноста“, изјави полскиот премиер Доналд Туск.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Со беспилотно летало уништивме моќен руски дрон во лет“

Украинските сили соборија руски повеќенаменски дрон Zala Kub со помош на беспилотно летало FPV, а снимката од акцијата беше споделена на социјалните мрежи од украинскиот волонтер Серхи Стерненко, пренесува „Милитарњи“.
„Таквото летало можеше да предизвика голема штета, па затоа е одлично што беше уништен во воздух“, рече Стерненко.
Zala Kub е дизајниран за прецизни удари на копнени цели – кога ќе ги открие, вертикално навлегува и исфрла експлозивен товар на горниот дел од возилото, каде што тенковите и оклопните возила се најранливи поради нивниот потенок оклопен слој.
Ова беспилотно летало е развиено од рускиот концерн „Калашников“, а првпат беше прикажано во 2019 година на меѓународната воена изложба IDEX во Обединетите Арапски Емирати.
Украина долго време користи беспилотни летала FPV како пресретнувачи за уништување руски летала. Ваквите дронови, во зависност од опремата, како дневни и термални камери, чинат меѓу 1.600 и 2.500 долари. Тие може да летаат со брзина до 160 километри на час, да имаат дострел до 35 километри и да останат во воздухот до еден час.